14.06.2021

Во наредните два дена ќе го добиеме државниот првак во женска кадетска конкуренција

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: На ред е финалниот турнир во М16 лигата-жени

По возбудувањата во машка конкуренција кои беа овој викенд, на 15. јуни (вторник) продолжуваат и оние во женскиот малдински сегмент.

На програмата е финалниот турнир во М16 лигата во женска конкуренција.

А во полуфиналето стигнаа четирите најдобри екипи. За титулата државен првак во кадетска конкуренција ќе се борат Крива Паланка и Вардар (натпреварот почнува во 15:00 часот), односно Трокал и Бадел 1862, кои на теренот во СРЦ „Кале“ ќе истрчаат од 17.30 часот.

Согласно со општиот Протокол на федерацијата за затита од вирусот Ковид-19, натпреварите од финалниот турнир во М16 лигата ќе се играат без присуство на публика.

ФИНАЛЕН ТУРНИР - М16 ЛИГА-ЖЕНИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

15. ЈУНИ (ВТОРНИК)

ПОЛУФИНАЛЕ

15.00: Крива Паланка - Вардар

17.30: Трокал – Бадел 1862

16. ЈУНИ (СРЕДА)

ЗА ТРЕТО МЕСТО

15.00: поразен  К.Паланка/Вардар – поразен Трокал/Бадел 1862

ФИНАЛЕ

17.30: победник  К.Паланка/Вардар – победник Трокал/Бадел 1862