11.03.2020

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Партизан Водно Санс два чекора напред, серија на Струмица од пет победи по ред во М-16

Во два дена младите кошаркари на Партизан Водно Санс запишаа две победи. За нови четири бода со кои само го зацврстија водството на табелата во М-16 лигата.

 

Во првиот меч, заостанат, од првото коло на „оролоџото“, славеа победа на гостински терен против Работнички (91:81). А само една вечер подоцна, беа подобри и од екипата на Феникс 2010, на свој терен победија со сигурни (75:64).

Мошне важна победа реализираа кадетите на Куманово 2009 кои го добија дуелот со МЗТ Скопје Аеродром (81:64), и стигнаа до второто место во вкупниот поредок во оваа М-16 конкуренција.

Минимална победа остварија и кошаркарите на Академија ФМП на гостувањето кај Гостивар (93:91).  Петта по ред победа реализираа кадетите на Струмица. И се чини највредната затоа што го добија градското дерби против екипата на МВП Струмица.

Славеа со минимални (58:57), против лидерската екипа на табелата во Втората лига, и се приближија на чекор до втората позиција на која се кошаркарите на Еуро Никел 2005.

Кавадарчани непријатно изненадија на гостувањето во Чаир каде загубија од екипата на Шкупи (66:80), па сега имаат само една победа плус во однос на Струмица.  

Во третиот меч од ова 5.коло, Пелистер беше убедлив во дуелот со вториот тим на Партизан Водно Санс (85:41), а одложен беше дуелот во Кочани помеѓу екипите на Дино Баскет и Борец Баскет.

М-16 ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ

ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР 1. КОЛО

Работнички – Партизан Водно Санс  81:91

2.КОЛО-ОРОЛОЏО

Куманово 2009 – МЗТ Скопје Аеродром     81:64
Гостивар – Академија ФМП      91:93
Партизан Водно Санс – Феникс 2010           75:64
Работнички – Вардар      одл.

ТАБЕЛА: Партизан ВС 29, Куманово 2009 27, Работнички 25 (-1), МЗТ Скопје Аеродром 25, Вардар 24 (-1), Академија ФМП 22, Феникс 2010 20, Гостивар 16

ИДНО КОЛО

11.03: Вардар - Куманово
12.03: Академија ФМП – Работнички
12.03: Феникс 2010 – Гостивар
12.03: МЗТ Скопје Аеродром – Партизан Водно Санс

ВТОРА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ

5. КОЛО ОРОЛОЏО

Шкупи – Еуро Никел 2005         80:66
Пелистер – Партизан Водно Санс-2   85:41
МВП Струмица – Струмица      57:58
Дино Баскет – Борец Баскет     91:71

ТАБЕЛА: МВП Струмица 22, Еуро Никел 2005 21, Струмица 20, Шкупи 20, Дино Баскет 16 (-1), Пелистер 16, Партизан Водно Санс-2 14, Борец Баскет 10 (-1);

ИДНО КОЛО (14.03)

Еуро Никел 2005 – Партизан Водно Санс-2
Шкупи – МВП Струмица
Борец Баскет – Пелистер
Струмица – Дино Баскет