Екипите кои се бореа за шампионската титула во М15 лигата, Вардар и Партизан Водно Санс се сретнаа и во една година „пониската“, М14.
Промена, освен годиштето, имаше и во амбиентот. Финалниот меч се играше во салата на СРЦ „Кале“, а не во „Независна Македонија“. А и на крајот, имаше друг победник. Екипата на Партизан Водно Санс е победник во натпреварите од М14 лигата
А последните 40.минути во оваа сезона многу подобро ги одиграа младите кошаркари на Партизан Водно Санс. Уште во првиот период направија големи (30:13). Но упорните „вардарци“ немаа намера да се предадат. До крајот на првата четвртина намалија на десет поени негатива. А по нецели пет минути од втората, нивното заостанување беше само пет поени (32:37).
Имаа и -2 (46:48), но последните три поени беа за „црно-белите“ кои го одбранија вардаровиот налет. На одмор отидоа со позитива од пет поени (51:46). Во голема мерка по заслуга на двоецот Јаничиќ (19) и Ивановски (13.поени).
На другата страна одговорија Сопрановски, кој реализираше 17, и Најков, кој го испрати со 14.
Финалето продолжи во ист стил и кога двете екипи се одморија. „Вардарци“ постојано притискаа, и се закануваа да направат комплетен пресврт. Беа и на „пола кош“ зад противникот (56:57), потоа и (60:61) во 27.минута од играта.
Но „црно-белите“ одговорија уште еднаш. Преку својот двоец, Јаничиќ-Ивановски, се вратија на плус од осум поено (71:63), за тој возбудлив трет дел од финалето заврши со водство на Партизан Водно Санс од (73:65).
Ништо не се промени и во четвртината на одлука. Имаа „црно-белите“ двоцифрени (76:65). „Побегнаа“ и на (83:70)... Недостижни за ривалот.
Сосема заслужено, играчот на Партизан Водно Санс, Никола Јаничиќ беше прогласен за најкорисен играч на натпреварот.
ФИНАЛЕН ТУРНИР - М14 ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Партизан Водно Санс – МЗТ Скопје Аеродром 90:56
Вардар – Феникс 2010 83:78
ЗА ТРЕТО МЕСТО
МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010 92:48
ФИНАЛЕ
Партизан Водно Санс – Вардар 92:83