Со одигрувањето на натпреварот Партизан Водно Санс-МЗТ Скопје Аеродром, беше комплетирано 14. коло од М-16 Првата лига
А многу полесно од очекувањата, Партизан Водно Санс излезе како победник во дуелот со МЗТ Скопје Аеродром (92:78), доволно за да се потврди позицијата број 1 во оваа лига.
Младите кошаркари на Работнички, експресно, во само неколку дена, одиграа три натпревари. И запишаа две победи и еден пораз. Прво против екипата на Гостивар (99:62), а потоа и на гостински терен кај Академија ФМП со (78:55).
Четири бода со кои „црвено-белите“ се вратија во трката за првите места во оваа конкуренција кои носат директен пласман во четвртфиналето.
Серијата на успеси им ја прекина Вардар, кој славеше тесен триумф на синоќешниот меч во „Кале“ (73:70), со кој „црвено-црните“ се израмнија со бројот на бодовите зедно со Работнички и Куманово 2009, кои во ова коло беа подобри од Академија ФМП.
И Вардар имаше „продолжен викенд“ во кој запишаа уште една важна победа, онаа против Феникс 2010 со резултат (68:64).
Согласно со системот за натпреварување, втората фаза опфаќа одигрување на уште седум натпревари според „оролоџо“ системот, по кој првопласираните четири екипи ќе се пласираат директно во четвртфиналето од М-16 лигата, додека оние кои се пласирани од 5. до 8. место ќе разигруваат со првопласираните четири екипи од новоформираната Втора лига, односно со групите Исток и Запад.
А по одигрувањето на двата заостанати натпревари, Академија ФМП-Куманово и Феникс 2010-Работнички, ќе бидат познати и сите натпреварувачки броеви со кои ќе се формираат двојките за следната „оролоџо“ фаза од натпреварите.
М-16-МАЖИ-ПРВА ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ 14.КОЛО
Вардар – Феникс 2010 68:64
Работнички – Гостивар 99:62
Куманово – Академија ФМП 86:59
Партизан ВС – МЗТ Скопје А. 92:78
ЗАОСТАНАТИ НАТПРЕВАРИ
Академија ФМП – Работнички 55:78
Вардар – Работнички 73:70
ТАБЕЛА: Партизан ВС 25, Работнички 22 (-1), МЗТ Скопје А 22, Вардар 22, Куманово 21 (-1), Академија ФМП 18 (-1), Феникс 2010 17 (-1), Гостивар 15