Натпреварот за третото место, во кој се сретнаа екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Феникс 2010, донесе многу подобра игра на „бело-сините“. Особено тоа се однесува за првото полувреме во кое имаа двојно поголема предност (34:17) по само 13.минути од натпреварот.
До полувремето, пионерите на МЗТ Скопје Аеродром направија уште повисоко водство од (53:25).

Работите не се променија многу ниту во продолжението од играта. Со забележка дека падна и ефикасноста во играта кај екипата која го диктираше темпото во првите 20.минути. Веројатно на тоа „влијаеше“ и високата предност која екипата од Аеродром ја оствари во првото полувреме. Но и во таков развој на ситуацијата а теренот, МЗТ Скопјe Аеродром дојде и до уште повисоки (73:36) кои во последниот дел ги претворија во победа вредна бронзен медал на завршниот турнир во оваа возрасна категорија.
Од 19.30 часот е закажан финалниот меч, а за титулата во оваа М14 лига, ќе играат екипите на Вардар и Партизан Водно Санс.
ФИНАЛЕН ТУРНИР - М14 ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Партизан Водно Санс – МЗТ Скопје Аеродром 90:56
Вардар – Феникс 2010 83:78
ЗА ТРЕТО МЕСТО
МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010 92:48
ФИНАЛЕ
19.30: Партизан Водно Санс – Вардар