Со одигрувањњто на денешните два натпревари, ќе станат јасни и учесниците на финалниот турнир во М14 лигата во женска конкуренција. Четири екипи ќе се борат за победа и место во финалната „четворка“ која ќе има шанси да го освои трофејот во оваа возрасна категорија.
Први, од 12.часот, стартуваат екипите на Крива Паланка и Шкупи. Два часа подоцна, на програмата во салата на СЦ „Кале“ е дуелот помеѓу екипите на Баскет КАМ и Вардар.
Од 16 часот беше предвидено да се игра мечот помеѓу екипите на Струга 2009 и МЗТ Скопје Аеродром. Но екипата од Аеродром го откажа настапот, па стружанки, заедно со Бадел 1862 веќе се дел од финалниот турнир кој ќе се одржи на 22. односно 23. јуни во Скопје.
Во првото полуфинале ќе се сретнат екипите на Бадел 1862 и Струга 2009, како и победниците од денешните натпревари Крива Паланка-Шкупи, и Баскет КАМ-Вардар.
М14 ЛИГА-ЖЕНИ
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ДЕНЕСКА:
12.00: Крива Паланка - Шкупи (1)
14.00: Баскет КАМ – Вардар (2)
16.00. Струга 2009 – МЗТ Скопје Аеродром 20:0сл.
ФИНАЛЕН ТУРНИР
ПОЛУФИНАЛЕ - 22.ЈУНИ
15.00: Бадел 1862 – Струга 2009 (А)
17.00: победник 1 – победник 2 (Б)
ФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ - 23.ЈУНИ
ЗА ТРЕТО МЕСТО
15.00: поразен А – поразен Б
ФИНАЛЕ
17.00: победник А – победник Б
*Натпреварите се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје