11.03.2021

Десет екипи ќе тргнат во оваа сезона во оваа конкуренција

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Почнуваат натпреварите во женска конкуренција, први на теренот ќе истрчаат девојките во М–18 лигата

По доставениот список од канцеларијата на КФСМ за регистрација на своите кошаркари во оваа категорија пријавени се вкупно 10 екипи. И истите ќе бидат поделени во групите Исток и Запад.

ЛИГА ИСТОК: ВАРДАР, КРИВА ПАЛАНКА, ПРОБАСКЕТ, ПАТРИОТ, ТРОКАЛ

ЛИГА ЗАПАД: БАДЕЛ 1862, ШКУПИ, СТРУГА 2009, ГОСТИВАР, МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

Лигата ќе биде составена од две групи Исток и Запад.

Во групата Исток ќе играат пет екипи и исто толку, пет екипи, ќе се натпреваруваат во групата Запад, согласно пласманот на екипите од претходната натпреварувачка сезона во категоријата и според бројот на пријавените екипи во категоријата (М-18).

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Натпреварите ќе се одиграат во две групи по двокружен бод систем, секој со секого, односно осум кола.

По одигрување на натпреварите во двете групи 8 кола, натпреварувањето ќе биде продолжено со најдобрите две првопласирани во едната и во другата група според пласманот.

Првопласираните две екипи во Исток и Запад ќе имаат право да разигруваат за Државен првак (Ф4) на Македонија за натпреварувачка сезона 2020/2021.

ПОЛУФИНАЛЕ:

ПФ - 1: Победник од нат.-ИСТОК 1 со Победник од нат.-ЗАПАД 2,

ПФ - 2: Победник од нат.-ИСТОК 2 со Победник од нат.-ЗАПАД 1,

Поразените екипи ќе одиграат натпревар за трето место, а победниците од натпреварите ќе го одиграат финалниот натпревар за Државен првак за 2020/2021 година.

Местото за одигрување на натпреварите од финалниот турнир ќе биде

дополнително одредено од страна на Комесарот за натпреварување, по добивање на понуди на екипите учесници, или организацијата на турнирот ќе ја превземе КФСМ.

Доколку организацијата на финалниот турнир, биде доделена на некој од клубовите учесници на турнирот, организаторот е должен на Здружение за Млади–МКК, да уплати износ од 20.000 денари и воедно ја превзема целокупната организација за одигрување на турнирот (сите трошоци).

Доколку клубот победник на лицитацијата за организатор на Финалниот турнир СЕ ОТКАЖЕ од организација на истиот, ЌЕ се КАЗНИ со парична казна во висина на 50 % од постигнатата цена со која победил на лицитацијата за организатор на Ф-4.

Доколку Клубот НЕ ЈА УПЛАТИ изречената казна, НЕМА да може да настапи на финалниот турнир.

Доколку организацијата ја превземе КФСМ, сите настанати трошоци во врска со организацијата за одигрување на Финалниот турнир (сала, надомест за службените лица на натпреварите, патни трошоци за службените лица и екипите, останати трошоци по составување на финансискиот план, ќе се делат на четири (4) дела, за секоја екипа учесник – подеднакво.