Од групата „А“, понатаму одат екипите на Вардар, МВП Струмица, Академија ФМП и Ангели, додека место во Супер лигата од групата „Б“ обезбедија Работнички, Феникс 2010, Црн Дрим и Ангели.
Со одигрувањето на последното, 14. коло од „Б“ групата, стана јасно кои осум екипи во М-15 лигата ќе го продолжат натпреварувањето во наредната натпреварувачка фаза – Суперлигата.
Со убедливата победа над Ангели од (91:46), кошаркарите на Вардар ја потврдија првата позиција во групата „Б“, од која место во Суперлигата, освен Вардар и Ангели, обезбедија и екипите на МВП Струмица и Академија ФМП.
Со оглед на помалиот број на пријавени учеснии, нешто порано завршија натпреварите во групата „А“ од која најдобар пласман реализираа екипите на Работнички, Феникс 2010, Црн Дрим и Водњански Лисици.
Согласно со системот за натпреварување во М-15 лигата, суперлигашите ќе играат во една новоформирана група. По двокружен бод систем, секој со секого, односно одиграни 14 кола, по кои првопласираните четири екипи се пласираат директно на „фајнал-фор“ турнирот.
Со оглед на помалиот број на одиграни мечеви во групата „Б“, осумте екипи во Суперлигата стартуваат од „нула“. Односно без пренесени резултати од првата натпреварувачка фаза.
М-15-МАЖИ-ПРВА ЛИГА
ГРУПА Б
РЕЗУЛТАТИ 14.КОЛО
Вардар – Ангели 91:46
Академија ФМП – МВП Струмица 61:82
Пинк Пантери – Дино Баскет 20:0сл.
ТФТ - слободен
ТАБЕЛА – ГРУПА Б: ВАРДАР 23, МВП СТРУМИЦА 23, АКАДЕМИЈА ФМП 19, АНГЕЛИ 17, Дино Баскет 15, ТФТ 15, Пинк Пантери 11
ТАБЕЛА – ГРУПА А: РАБОТНИЧКИ 19, ФЕНИКС 2010 19, ЦРН ДРИМ 15, ВОДЊАНСКИ ЛИСИЦИ 14, Партизан ВС 11, Спарта 9
ПРВО КОЛО СУПЕР ЛИГА
В. Лисици – МВП Струмица
Работнички – Ангели
Црн Дрим – Вардар
Феникс 2010 – Академија ФМП