17.06.2021

Екипите на Дино Баскет, Вардар, МЗТ Скопје Аеродром и Партизан Водно Санс обезбедија место на финалниот турнир во машка конкуренција

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Познати четирите финалисти во М15 лигата

Четвртфиналните пресметки ги донесоа и четирите екипи финалисти во М15 лигата. Во големата „четворка“ по уште поголема борба се пласираа две екипи кои имаа директен пласман во втората елиминациска фаза: Дино Баскет од Кочани и Вардар, и уште две кои играа квалификациски натпревари, екипите на МЗТ Скопје Аеродром и на Партизан Водно Санс.    

Најинтересен беше дуелот помешу екипите на Партизан Водно Санс и Феникс 2010, кој беше решен во претпоследната секунда од четвртфиналето. Со еден неверојатен погодок на „црно-белите“ за голема победа од (88:86).  

Нешто поголема неизвесност имаше и на средбата во која Вардар го победи составот на НАвико Академија ФМП (103:96).

Дилеми немаше во дуелите помеѓу МЗТ Скопје Аеродром-Куманово 2009 (96:55) и Дино Баскет-Спортисимо (86:55).

Согласно со утврдениот распоред, финалниот турнир во М15 лигата ќе се игра на 19. односно 20.јуни, во салата „Независна Македонија“ во Скопје.

М15 ЛИГА-МАЖИ

ВТОРО ЕЛИМИНАЦИСКО КОЛО – БАРАЖ НАТПРЕВАРИ

РЕЗУЛТАТИ

Дино Баскет – Спортисимо       86:55

Вардар – Навико Академија ФМП     103:96         

Куманово 2009 – МЗТ Скопје Аеродром     55:96

Партизан Водно Санс – Феникс 2010           88:86

ФИНАЛЕН ТУРНИР

19.ЈУНИ (САБОТА):

ПОЛУФИНАЛЕ

15.00: Дино Баскет – Партизан Водно Санс (А) 

17.00: Вардар – МЗТ Скопје Аеродром (Б)

20.ЈУНИ (НЕДЕЛА):

ЗА ТРЕТО МЕСТО

15.00: поразен А – поразен Б 

ФИНАЛЕ

17.00: победник А – победник Б 

*Натпреварите се играат во салата „Независна Македонија“ во Скопје