14.06.2021

Продолжија возбудувањата и во М15 лигата во машка конкуренција

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Познати се четвртфиналните двојки во М15

Последна од лигите со рестарт во младинската конкуренција, е онаа во М15.

Согласно со промените во системот за натпреварување, натпреварите опфаќаат две елиминациски кола со вкупно 13. екипи-учесници.

Во првата елиминациска фаза, овој викенд, десет пријавени екипи се бореа за место во четвртфиналето каде директен пласман обезбедија три екипи: Дино Баскет, Куманово 2009 и Вардар. 

Во вториот круг од натпреварите се пласираа екипите на Феникс 2010, Спортисимо, МЗТ Скопје Аеродром, Навико Академија ФМП и Партизан Водно Санс.

Четвртфиналните средби ќе се играат на 17. Јуни (четврток), во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

М15-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ

ПРВО ЕЛИМИНАЦИСКО КОЛО – БАРАЖ НАТПРЕВАРИ

Феникс 2010 – Ангели    129:45

Спортисимо – Баскет КАМ        79:49

МЗТ Скопје Аеродром – Црн Дрим   107:50

Ролинг 08 – Навико Академија ФМП 71:106

Пробаскет – Партизан Водно Санс    0:20 сл.

ДВОЈКИ - ВТОРО ЕЛИМИНАЦИСКО КОЛО – БАРАЖ НАТПРЕВАРИ

17.ЈУНИ

11.30: Дино Баскет – Спортисимо

13.30: Вардар – Навико Академија ФМП

15.30: Куманово 2009 – МЗТ Скопје Аеродром

17.30: Партизан ВС – Феникс 2010

* Натпреварите се играат во сала на СРЦ „Кале“ - Скопје