Организаторот на завршниот турнир од М12 лигата во женска конкуренција, КК Бадел 1862 од Скопје, со поддршка од општината Кисела Вода, ги потврди и термините за одигрување на финалните натпревари.
Согласно со пропозициите, како организатор на турнирот, домашната екипа одбра својот полуфинален натпревар, против екипата на Струга 2009, да го игра во 16.30 часот.
Претходно, од 14.часот, во првиот полуфинален меч на турнирот кој ќе се игра во салата „Независна Македонија“ во Скопје, ќе се сретнат екипите на Петровски од Битола и Вардар од Скопје.
Наредниот ден, 18. мај (недела), на распоред се натпреварите за конечен пласман. Мечот за третото место стартува од 12.30 часот, додека големото финале по кое ќе биде познат шампионот во оваа категорија од младинските лиги, е закажано за 15.часот.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М12 ЛИГА-ЖЕНИ
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ПОЛУФИНАЛЕ
17.МАЈ (САБОТА)
14.00: Петровски – Вардар
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/C0uF16xmcNs?si=YRp-3_0Ffo0po3w6
16.30: Бадел 1862 - Струга 2009
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/bGROji8NL30?si=6xnhBFLkQFoIcn6k
18.МАЈ (НЕДЕЛА)
12.30: Натпревар за трето место
15.00: Финале
*Сите натпревари ќе се играат во салата „Независна Македонија“ - Скопје