Кошаркарскиот клуб „Петровски“ од Битола, како организатор на завршниот турнир од младинската М14 лигата во женска конкуренција, ги одреди сатнините за одигрување на натпреварите кои треба да го дадат новиот државен првак во оваа возрасна категорија од младинските лиги.
Полуфиналето ќе стартува на 7. јуни (сабота), од 14.часот со натпреварот во кој ќе се сретнат домаќинот, екипата на Петровски и Патриот 2016 од Делчево, а нешто подоцна, од 16.30 часот, ќе играат екипите на Тим Арена од Штип и Вардар од Скопје.
Наредниот ден, 8. мај (недела), на распоред се натпреварите за третото место (од 12.часот), односно големото финале (од 14.30 часот) по кое ќе биде познат шампионот во оваа категорија од младинските лиги.
Натпреварите ќе бидат реализирани во спортската сала„Боро Чурлевски“ во Битола.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М14 ЛИГА-ЖЕНИ
ПОЛУФИНАЛЕ – ДВОЈКИ
7.ЈУНИ (САБОТА)
14.00: Петровски – Патриот 2016
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/3zff2vP7FFQ?si=2SjJqpwRAVoQeH1v
16.30: Тим Арена – Вардар
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/lQNaElLb3Ws?si=qmNb5ZzhVlQUOq8z
8.ЈУНИ (НЕДЕЛА)
12.00: Натпревар за трето место
14.30: Финале