27.02.2020

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Продолжува доминацијата на Вардар на Западот во М-14 лигата

Условно кажано, вториот тим на Вардар беше двојно подобар од составот на Спортисимо, па остана далеку напред во однос на конкуренцијата во лигата Запад. На Истокот е многу поизедначено...

 

На две кола пред крајот на регуларниот дел, се помал е бројот на екипите кои влегуваат во конкуренција за пласман на завршниот турнир во М-14 лигата.

По 12.одиграно коло, извесно е дека кошаркарите на Вардар се скоро сигурни учесници во следниот круг од натпреварите. Младите кошаркари во „црвено-црна“ комбинација беа убедливи против Спортисимо (110:52), со што ја потврдија првата позиција во групата Запад.

Битката за позицијата број 2 пак ќе ја водат екипите на Водњански лисици, МЗТ Скопје и Спортисимо.

На Истокот, многу работи ќе зависат од исходот на средбата Дино Баскет-Партизан Водно Санс, која е одложена, и ќе се одигра во текот на наредната седмица.

Кикс на една од овие две екипи чека екипата на Академија ФМП која во ова коло без проблеми го совлада струмички Ролинг 08 со високи (78:35).

М-14-МАЖИ

ГРУПА ЗАПАД

РЕЗУЛТАТИ 12. КОЛО

Вардар 2 – Спортисимо 110:52

Црн Дрим – МЗТ Скопје А.        46:84

Јуниор Баскет – Пелистер         52:38

Водњански Лисици – Пробаскет        01.03

ТАБЕЛА: Вардар-2 22, Водњански Лисици 19 (-1), МЗТ Скопје А 19, Спортисимо 19, Црн Дрим 15, Јуниор Баскет 13, Пелистер 13, Пробаскет 11 (-1);

ИДНО КОЛО (29.02)

В. Лисици – Вардар 2

МЗТ Скопје А – Спортисимо

Пробаскет Баскет – Јуниор Баскет

Пелистер – Црн Дрим

M-14-МАЖИ

ГРУПА ИСТОК

РЕЗУЛТАТИ 12. КОЛО

Академија ФМП – Ролинг 08   78:35

Вардар-1 – Баскет КАМ  86:31

Гостивар – Куманово      68:32

Дино Баскет – Партизан Водно Санс одл.

ТАБЕЛА: Партизан Водно Санс 17, Дино Баскет 17 (-1), Академија ФМП 16, Вардар-1 14, Гостивар 14, Куманово 9, Баскет КАМ 9, Ролинг 08 8;

ИДНО КОЛО (29.02)

Вардар 1 – Академија ФМП

Партизан ВС – Ролинг 08

Баскет КАМ – Гостивар

Куманово – Дино Баскет