10.06.2021

Вкупно 13.екипи ќе се борат за титулата државен првак во оваа возрасна категорија

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Продолжува и М15 лигата во машка конкуренција

Последна од лигите кои ќе бидат дел од рестартот во младинската конкуренција, ќе биде онаа во М15.

Натпреварите, кои продолжуваат од 13.јуни, ќе опфатат две елиминациски кола со вкупно 13 екипи-учесници. По двата филтри ќе бидат познати и четирите екипи-финалисти кои ќе се борат за титулата државен првак.

Во првата елиминациска фаза десет од овие 13.пријавени екипи ќе се борат за место во четвртфиналето каде директен пласман обезбедија три екипи: Дино Баскет, Куманово 2009 и Вардар.  

Вториот круг од натпреварите ќе се игра на 17. јуни, исто така, во салата на КК „Вардар“ во Скопје.

М15-МАЖИ

ПРВО ЕЛИМИНАЦИСКО КОЛО – БАРАЖ НАТПРЕВАРИ

13.ЈУНИ

10.00: Феникс 2010 – Ангели

12.30: Спортисимо – Баскет КАМ

15.00: МЗТ Скопје Аеродром – Црн Дрим

17.30: Ролинг 08 – Навико Академија ФМП

19.30 Пробаскет – Партизан Водно Санс

*Натпреварите се играат во сала на КК „Вардар“ - Скопје

ВТОРО ЕЛИМИНАЦИСКО КОЛО – БАРАЖ НАТПРЕВАРИ

17.ЈУНИ

11.00: Дино Баскет – победник Спортисимо/Баскет КАМ

13.30: Вардар – победник Ролинг 08/Навико Академија ФМП

15.30: Куманово 2009 – победник МЗТ Скопје Аеродром/Црн Дрим

17.30: Победник Пробаскет/Партизан ВС – победник Феникс 2010/Ангели

*Натпреварите се играат во сала на КК „Вардар“ - Скопје