10.01.2022

Првиот „пресек“ вели дека екипата од „Градски парк“ е единствената со максимален ефект во десет одиграни кола

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Работнички 2018 – лидер во М18

Екипата на Работнички 2018 е најдобрата по одигрувањето на условно кажано, првиот дел од сезоната во М 18 лигата.

Младите кошаркари од „Градски парк“ се единствените кои запишаа десет победи во исто толку натпревари од почетокот на сезоната во јуниорска конкуренција.

Моментално, имаат дури две победи повеќе во однос на првиот пратител, екипата на Феникс 2010 (8-2), а дури четири во однос на другиот дел од конкуренцијата кој го сочинуваат екиите на МЗТ Скопје Аеродром и Вардар кои се на ефект (6-4).

И станува се појасно е дека „црвено-белите“ ќе го завршат овој прв дел од првенството на најдобрата стартна позиција, особено ако се земе в предвид дека пред нив се уште четири првенствени кола.

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД ВО М-18 ЛИГАТА

Струшки Црн Дрим пак е екипата која има максимален ефект по осум одиграни натпревари во Втората лига-Запад. Пред нив, со два меча повеќе е екипата на Партизан Водно Санс-2, која е на ефект (8-2), а веднаш зад стружани е вториот тим на Феникс 2010 (скор 7-1), по што е се поизразен фактот дека меѓу овие екипи ќе се бараат учесниците кои ќе обезбедат следна фаза во оваа конкуренција.

На Истокот, епитетот на непобедливи го имаат младите кошаркари на Струмица, кои во осум натпревари остварија и исто толку победи, и се со најголеми шанси да обезбедат место во наредниот круг од ова натпреварување. До нив е екипата на Дино Баскет. Јуниорскиот тим од Кочани има шест победи и еден пораз, пред кавадаречки Еуро Никел 2005 кој е на скор (5-2).