04.06.2022

Во полуфиналето делуваа убедливо против Водно Санс (103:74), за место во финалето ќе се борат и МЗТ Скопје Аеродром и МКК Куманово

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Работнички 2018 е прв финалист во М18 лигата, со „стотка“ кон трофејот!

Во првиот натпревар од полуфиналето на завршниот турнир од М18 лигата во машка конкуренција, Работнички 2018 славеше победа против екипата на Водно Санс. На момчињата кои од клупата ги предводи Андреј Апостолски Лечиќ им недостасува само уште една, да го освојат трофејот без пораз во сезоната 2021/2022 од оваа конкуренција. 

РАБОТНИЧКИ 2018 – ВОДНО САНС     103:74

Двоецот Шошкиќ-Бошалески го предводеше условно кажано, домаќинот на овој меч. Во првото полувреме младите репрезентативци поделија по 18.поени, доволно за тимот од „Градски парк“ да има високи (55.40).

Уште поубедливо водство во првото полуфинале имаа „црвено-белите“ по две минути игра од третата четвртина. Поведоа со (63:42), потоа и (65:44). Со дополнителна поентерска поддршка од Балоски (дојде до десет поени), Работнички „побегна“ уште подалеку, имаше и (71:48) на средина од третата четвртина.

По тројката на Шошкиќ (негов 21. поен), Работнички го одржа водството, имаше сигурни (78:61) по три одиграни четвртини. По две минути игра од последниот период, Водно Санс намали на (69:82). Но Работички најде решенија да го сопре налетот на противничката екипа. Преку Бошалески (негов 26.поен на мечот), одново дојдоа до плус од 20.поени, (93:73) на неполни пет минути до крајот на полуфиналето во СРЦ „Кале“. Тоагш стана јасно дека Работнички е првиот финалист во оваа конкуренција.  

Во вториот полуфинален дуел, закажан за 19.30 часот, исто така во салата на СРЦ „Кале“, ќе се сретнат екипите на МЗТ Скопје Аетодром и МКК Куманово.

ЗАВРШЕН ТУРНИР М18 ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ – ПОЛУФИНАЛЕ

Работнички 2018 – Водно Санс       103:74

19.30: МЗТ Скопје Аеродром – Куманово 2009

5. ЈУНИ (НЕДЕЛА) – ЗА ПЛАСМАН

17.00: Водно Санс - МЗТ Скопје Аеродром/Куманово 2009

19.30: Работнички 2018 – МЗТ Скопје Аеродром/Куманово 2009