05.06.2022

Во финалето славеа со убедливи (102:57) против МЗТ Скопје Аеродром

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Работнички 2018 е шампион во јуниорска конкуренција, без пораз до титулата!

Кошаркарите на Работнички 2018 ја потврдија својата доминација низ натпреварите од регуларниот дел од М18 лигата, откако во големото финале од завршниот турнирт во Скопје, славеа убедлив триумф проив вечниот опонент, МЗТ Скопје Аеродром.

РАБОТНИЧКИ 2018 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ     102:57

По релативно израмнетата прва четвртина во која „аеродромци“ беа рамноправен ривал, и која заврши со предност на домашната екипа (23:19), „црвено-белите“ се „одлепија“ во вториот период. До полувреме изградија сосема слидно водство од (44:33).

Но и по одморот, момците кој ги предводи тренерот Андреј Апостолски Лечиќ, немаа намера да застанат. Сакаа што побрзо да ги осигураат златните медали и победничкиот трофеј.

Ја потврдија фаворитската улога која си ја наметнаа со серијата без пораз во регуларниот дел, потоа и во разигрувањето, на крајот и на финалниот турнир во јуниорска конкуренција.

Андреј Шошкиќ е МВП на финалниот турнир

За најкорисен играч на финалниот турнир во СРЦ „Кале“, беше избран Андреј Шошкиќ. Одличниот бек од екипата на Работнички 2018 имаше одлични настапи и во полуфиналето, против екипата на Водно Санс, но и во мечот кој решаваше за титулата.

 Претходно, во натпреварот за трето место на турнирот, екипата на Водно Санс излезе како победник против МКК Куманово (78:67) и го освои третото место на завршниот турнир.

ЗАВРШЕН ТУРНИР М18 ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ – ПОЛУФИНАЛЕ

Работнички 2018 – Водно Санс           103:74

МЗТ Скопје Аеродром – Куманово 2009     59:36

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Водно Санс - Куманово 2009   78:67

ФИНАЛЕ

Работнички 2018 – МЗТ Скопје Аеродром 102:57