Екипата на Работнички 2018 доминантно ја заврши првата фаза од натпреварите во М18 лигата. Младите кошаркари од „Градски парк“ освоија максимален број на бодови. Ги добија сите 14. натпревари и практично ја осигураа најдобрата стартна позиција во пресрет на вториот, но и оној дел кој се нарекува плеј-оф.
Имаат голема предност во однос на конкуренцијата, која ја формираат екипите на МЗТ Скопје Аеродром (скор 9-5), Феникс 2010 (скор 8-6) и Вардар (8-6).
Познати се учесниците и во вториот круг од натпреварите во Втората лига во оваа М18 конкуренција. Место во „Оролоџото“ обезбедија по четири екипи од „Запад“: Водно Санс 2, Црн Дрим, Феникс 2010 и Гостивар, и уште четири од „Исток“, Струмица, Дино Баскет, Еуро Никел 2005 и Работнички.
По одигрувањето на седум кола од „Оролоџото“, првопласираните четири екипи ќе обезбедат место во третиот дел од натпреварувањето Плеј-офот во кој ќе бидат вклучени и екипите кои ќе завршат од 5. до 8. место во Првата лига.
Првопласираните четири екипи од Првата лига обезбедуваат директен пласман во четвртфиналето од плеј-офот.