Во големото финале, и голема битка, беа подобри од Феникс 2010 со резултат (92:85)
РАБОТНИЧКИ – ФЕНИКС 2010 92:85
Екипата на Работнички составена од играчи родени 2005 година и помлади е новиот државен првак во кадетска конкуренција.
Во големото финале на М16 лигата одиграно во салата на КК Вардар, момчињата од „Градски пак“ славеа победа против Феникс 2010.
Во доста израмнет натпревар во кој „црвено-белите“ сепка имаа постојано водство, победникот сњ решаваша во последните неколку минути.
Откако Феникс 2010 се доближи на само два поени негатива (72:70), кошаркарите на Работнички со серија од (9-0) ја најавија победата, Поведоа со навидум недостижни (81:70). Но противникот не се предаваше до самиот крај.
Сепак, пресуди тројката на Стојанов, која го однесе однесе неговиот тим на недостижни (90:82), кои беа доволни за да ги добијат златните одличја од страна на спортскиот директор на КФСМ, Тодор Гечевски.
Младиот репрезентативец од редовите на Работнички, Андреј Шошкиќ, бепе прогласен за најкорисне играч на финалниот натпревар, и го доби ова најголемо индивидуално признание, од претседателот на нашата федерација, Перо Антиќ.
Претходно, во натпреварот за третото место, кошаркарите на Вардар беа многу подобри од МЗТ Скопје Аеродром. Славеа со убедливи (109:91) и заслужено го освоија третото место на турнирот во М 16 лигата.
ФИНАЛЕ
РАБОТНИЧКИ – ФЕНИКС 2010 92:85
(31-18; 18-25; 22-21; 21-21)
РАБОТНИЧКИ: Чолаковски 26, Шошкиќ 26, Стојанов 15, Коцев 2, Јакимовски 6, Трифуновски 9, Балоски 8, Кнежевиќ, Димитријевиќ, Ангеловски, Дочински, Јоскоски;
ФЕНИКС 2010: Стојковиќ 12. Јакимовски 27, Јовановски 13, Чурлинов 17, Димевски 10, Дејановиќ 3, Костиќ 3, Ајтов, Ристевски, Јаневски, Димитриевски;