17.05.2023

Финалниот турнир ќе се игра викендов во салата во „Градски парк“ во Скопје

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Работнички е организатор на финалниот турнир во М14 лигата-мажи

Кошаркарскиот клуб „Работнички“ од Скопје ја доби органзиацијата на финалниот турнир од М14 лигата-мажи.

Понудија најдобри услови за организација на турнирот кој следува на 20. и на 21. мај, а ќе се игра во салата „Градски парк“ во Скопје.

Одредени се и сатнините на одигрување на полуфиналните натпревари.

Првото полуфинале, кое ќе се игра на 20.мај (сабота), во кое ќе играат екипите на Работнички и Вардар е закажано за 16.часот. А од 18.30 часот, за место во финалето ќе разигруваат домаќинот ИБА Академија и Куманово.

Победникот, кој за прв пат, ќе добие и парична награда во висина од 45.000 денари ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 21.мај (недела) од 18.30 часот.

Поразената екипа во финалниот натпревар ќе биде парично наградена со 30.000 денари.

Натпреварот за третото место е предвиден за недела, од 16.часот. Победникот на оваа средба, освен бронзените одличја ќе добие и парична награда во висина од 25.000 денари, поразениот тим пак ќе добие 15.000 денари од вкупниот награден фонд кој го предвиде федерацијата за овој финален турнир.

М14 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

20.МАЈ (САБОТА)

ПОЛУФИНАЛЕ

16.00: Работнички – Вардар

18.30: ИБА Академија - Куманово

21.МАЈ (НЕДЕЛА)

16.00: За трето место (поразен 1) – (поразен 2)

18.30: Финале (победник 1) – (победник 2)