Македонската кошаркарска федерација ги превзема обврските поврзани со организацијата на завршниот турнир од М14 лигата-мажи од Младинските лиги.
Како организатор, ги информира учесниците за распоредот на одигрување на натпреварите на финалниот турнир.
Согласно со претходно утврдениот календар, натпреварите ќе се играат на 17. и 18.мај, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
Првиот полуфинален натпревар во кој ќе се сретнат екипите на МЗТ Скопје и Струмица Ролинг, е закажан за 13.30 часот, додека нешто подоцна, од 16.часот, ќе играат Работнички и Феникс 2010,
Наредниот ден, 18. мај (недела), на распоред се натпреварите за третото место, односно големото финале по кое ќе биде познат шампионот во оваа категорија од младинските лиги.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М14-МАЖИ
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
17.МАЈ (САБОТА)
ПОЛУФИНАЛЕ
13.30: МЗТ Скопје – Струмица Ролинг
16.00: Работнички – Феникс 2010
18.МАЈ (НЕДЕЛА)
13.30: За трето место
16.00: Финале