11.06.2021

Помалку изненадувачки, убедлив триумф на „црвено-белите“ против МЗТ Скопје Уни Банка (81:58).

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Работнички го елиминира својот вечен ривал, закажа финале со Феникс 2010

Помалку изненадувачки, убедлив триумф на „црвено-белите“ против МЗТ Скопје Аеродром (81:58) во вториот полуфинален натпревар од М18 лигата. И повеќе од доволен за утре вечер, против екипата на Феникс 2010, да се борат за титулата државен прва во јуниорска конкуренција

МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – РАБОТНИЧКИ    58:81

„Црвено белите“ го добија првиот период од играта со (19:14). Но нивните големи ривали во „сино-бела“ комбинација го достигнаа, дури и поведоа со (22:21). Но серијата од шест поени по ред, на 3:20 минути до крајот на првото полувреме, придонесе Работнички одново се одвои на пет поени разлика (27:22).

Во 28.минута беше и (55:42) во корист на јуниорите на Работнички, потоа и (59:45), за тој трет дел од играта да заврши со уште повисоко водство на избраниот тим на тренерот Андреј Лечиќ (62:45).

Тука беше и крајот на надевањата на младите кошаркари од Аеродром дека може да се вратат во овој полуфинален натпревар. Кога веќе стигнаа и до плус од 20.поени, во средината на последната четвртина, кошаркарите на Работнички не само што ја задржаа, туку отидоа на уште поголем плус од (75:52).

Па затоа, и повеќе од заслужено, ќе играат во големото финале, закажано за сабота навечер, 19.30 часот во големата сала на СРЦ „Кале“ во кое противник ќе им биде екипата на Феникс 2010, која некој час порано го елиминираше составот на Куманово 2009 со триумф од (69:52).

Претходно, во борбата за бронзените медали, МЗТ Скопје Аеродром ќе ги одмери силите со Куманово 2009 во оваа М18 лига.

МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – РАБОТНИЧКИ 2 58:81

МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА: Трпески 6, Матевски 14, Спасовски 4, Настовски 10, Пепиќ 3, Митровски 8, Јанков 4, ВАсилевски 9

РАБОТНИЧКИ 2: Оровчанец 17, Бошалески 31, Србиновски 6, Стојанов 5, Јакимовски 4, Балоски 15, Шошкиќ 3

 

М18-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД

ПОЛУФИНАЛЕ

Куманово 2009 – Феникс 2010            52:69

МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички 2         58:81

12.ЈУНИ (САБОТА):

ЗА ТРЕТО МЕСТО

17.00: Куманово 2009 - МЗТ Скопје Уни Банка

ФИНАЛЕ

19.30: Феникс 2010 - Работнички 2

*Натпреварите се играат во голема сала на СРЦ „Кале“ – Скопје