20.05.2023

Во полуфиналето беа подобри од екипите на Вардар, односно Куманово

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Работнички и ИБА Академија ќе играат во финалето на М14 лигата

Екипите на Работнички, кој е во улога на организатор на турнирот, и на ИБА Академија од Скопје, ќе играат во финалето на завршниот турнир од М14 лигата во машка конкуренција.

 

Работнички излезе како победник во дуелот со екипата на Вардар. Славеа момците во „црвено-бела“ комбинација со убедливи (90:72).

До триумфот вреден финале во оваа конкуренција ги предводеше Илиев, стрелец на 36. поени, односно Сотир кој го испрати со 24. реализации, Бошковски имаше уште 13, додека пак во поразената екипа, Гиновски постигна 27. поени.

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 90:72

(35-18; 19-19; 22-15; 14-20)

РАБОТНИЧКИ: Дечков, Талевски 6, Геговски 9, Пе. Пановски 2, Па. Пановски, Сотир 24, Трајков, Бошковски 13, Илиев 36, Палазов, Лепавцов, Антовски;

ВАРДАР: Гиновски 27, Стојковски 4, Марковски 3, Митевски 4, Рајковски 9, Трпчевиќ 4, Дуев 5, Поповски 4, Сејфула, Чадиновски 2, Велковски, Андрејевски 8;

 

*Во вториот полуфинален натпревар, победа на ИБА Академија. Скопскиот тим дојде до место во големото финале со одлично одработена втора четвртина во која се стекнаа со солидно водство (35:22), кое го сочуваа во второто полувреме, за високи (79:54).

Солев беше најефикасниот играч на овој полуфинален натпревар. Постигна 29 поени Божиновски имаше 11, а Бегети и Мицковски додадоа по десет.

Кај Куманово, Оцетек беше реализатор на 21.поен, а Ангеловски имаше 11.

ИБА АКАДЕМИЈА – КУМАНОВО          79:54

(9-8; 26-14; 23-18; 21-14)

ИБА АКАДЕМИЈА: Божиновски 11, Солев 29, Јанкуловски, Бегети 10, Мицковски 10, Карикински 7, Бојаџи 3, Давитковски 2 , Иванов 5;  

КУМАНОВО: Оцетек 21, М. Ангеловски 7, А.Ангеловски 11, Петрушевски 4, Ѓорѓиевски 6, Тодоровски 5, Павловиќ, Максимовски, Додевски

 

Победникот, кој за прв пат, ќе добие и парична награда во висина од 45.000 денари ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 21.мај (недела) од 14.30 часот.

Поразената екипа во финалниот натпревар ќе биде парично наградена со 30.000 денари.

Натпреварот за третото место е предвиден за недела, од 12.часот. Победникот на оваа средба, освен бронзените одличја ќе добие и парична награда во висина од 25.000 денари, поразениот тим пак ќе добие 15.000 денари од вкупниот награден фонд кој го предвиде федерацијата за овој финален турнир.

М14 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ - ПОЛУФИНАЛЕ

Работнички – Вардар      90:72

ИБА Академија – Куманово 79:54

21.МАЈ (НЕДЕЛА)

12.00: За трето место - Вардар – Куманово

14.30: Финале - Работнички – ИБА Академија