Во некомплетното второ коло од М-15 лигата, втори победи за екипите на Работнички и на МВП Струмица...
Изминатиот викенд на програмата беше второто коло од Суперлигата во М-15 лигата. А во оваа првенствена рунда, победничкиот почеток го потврдија две екипи, Работнички и МВП Струмица.
Младите кошаркари од „Градски Парк“ славеа на гостувањето кај Академија ФМП со убедливи (78:54), а победа на гостински терен, во Драчево, против екипата на Ангели, оствари и МВП Струмица (82:68).
Во третиот меч од второто коло, екипата на Водњански Лисици беше подобар ривал од струшки Црн Дрим, (76:70).
Одложен е дуелот Феникс 2010 – Вардар.
М-15-МАЖИ-СУПЕРЛИГА
РЕЗУЛТАТИ 2.КОЛО
Водњански Лисици – Црн Дрим 76:70
Академија ФМП – Работнички 54:78
Ангели - МВП Струмица 68:82
Феникс 2010 - Вардар одл.
ТАБЕЛА: Работнички 4, МВП Струмица 4, Црн Дрим 3, Водњански Лисици 3, Академија ФМП 3, Феникс 2010 2 (-1), Ангели 2, Вардар 1 (-1);
ИДНО КОЛО
Црн Дрим – МВП Струмица
Феникс 2010 - Водњански Лисици
Ангели - Академија ФМП
Работнички - Вардар