18.08.2023

Пријавувањето на екипите за натпреварување во младинските лиги е завршено.

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Распоред на квалификациски натпревари во М16 и во М18 лигата (мажи)

Согласно со бројот на пријавените екипи, и пласманот во текот на минатата натпреварувачка сезона, и регионална припадност, формирани се натпреварувачките групи во квалификациите за пополнување на местата во М18 односно во М16 лигата во машка конкуренција.

Согласно членот 7.1 од Пропозициите за натпреварување во младинските лиги, само екипите кои ги подмириле своите финансиски обврски (долгувања и котизација) кон КФСМ ќе може да се натпреваруваат во сезоната 2023/24 година.

Екипа која нема да ја подмири истата, ќе го загуби правото да се натпреварува во квалификациите за сезона 2023/24 година.

НАПОМЕНА: Котизацијата мора да биде подмирена најдоцна до 24.август, (четврток), 2023 година.

Распоред на натпревари од квалификациите за М16 лигата (мажи)

Распоред на натпревари од квалификациите за М18 лигата (мажи)