08.06.2021

Вториот викенд од продолженото издание на младинските лиги, ги донесе и имињата на добар дел од учесниците на завршните турнири.

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Се „пријавија“ првите учесници на „Фајнал-фор“ турнирите во M14, М16 и М18 лигите

ФОТО: Момент од натпреварот Феникс 2010 - МЗТ Скопје Аеродром

Вториот викенд од продолжението издание на младинските лиги, ги донесе и имињата на добар дел од учесниците на завршните турнири.

Тоа се однесува на М14, М16 односно М18 лигите во машка, односно М16 и М18 во женска конкуренција.

Редоследно гледано, во М18 лигата, екипите на Куманово 2009, МЗТ Скопје Уни Банка и Работнички 2, обезбедија пласман на финалнито турнир. Додека пак за последното место во завршницата ќе се борат трите поразените екипи во втората фаза од елиминациите, односно: Партизан Водно Санс, Феникс 2010 и МЗТ Скопје Аеродром.

Познати се и три од четирите финалисти и во М16 конкуренцијата. Тоа се екипите на Работнички, Вардар и МЗТ Скопје Аеродром. А за место во полуфиналето пак ќе се борат: Феникс 2010, Гостивар и Навико Академија ФМП.

Се одигра и првиот меч од баражот, во кој Феникс 2010 беше убедлив против Гостивар (90:44). Утре се игра натпреварот Навико Академија ФМП-Феникс 2010, а наредниот ден, Гостивар-Навико Академија ФМП, по што ќе го дознаеме и последниот учесник на „Фајнал-форот“ во М16 лигата.

По одигрувањето на вториот круг на елиминации, познати се и трите финалисти во М14 лигата. Тоа се екипите на Партизан Водно Санс, Феникс 2010 и Вардар, кои беа подобри во дуелите со МЗТ Скопје Аеродром, Навико Академија ФМП и Шкупи, кои пак ќе играат за последното место на финалниот турнир во оваа возрасна категорија.

* Што се однесува за оној женски сегмент од Младинските лиги, во М16 лигата, екипите на Крива Паланка, Трокал и Бадел 1862 веќе обезбедија пласман на Ф4. Се чека последниот учесник во полуфиналето кој ќе го добиеме по одигрувањето на баражот во кој се трите поразени три екипи од елиминациите: Струга 2009, Тим Арена-Штип и Вардар.

Крива Паланка, Шкупи и Бадел 1862 пак се учесници на завршниот турнир во М18 лигата. Последниот ќе биде познат по одигрувањето на бараж-натпреварите во кој се вклучени екипите на Струга 2009, Гостивар и Трокал-Кавадарци.

РЕЗУЛТАТИ

М14-МАЖИ

Куманово – МЗТ Скопје Аеродром   72:73

Пелистер – Феникс 2010           75:93

Баскет КАМ – Вардар      80:90

Црн Дрим – Шкупи          0:20 сл.

ВТОРА ЕЛИМИНАЦИСКА ФАЗА

Партизан Водно Санс – МЗТ Скопје Аеродром     92:66

Феникс 2010 – Шкупи     101:38

Навико Академија ФМП – Вардар     66:79

*Екипите на Партизан Водно Санс, Феникс 2010 и Вардар обезбедија пласман на Ф4. Поразените три екипи играат бараж за последното место на финалниот турнир

М16-МАЖИ

Работнички – Феникс 2010       88:72

Гостивар – Вардар           32:124

МЗТ Скопје Аеродром – Навико Академија ФМП           77:68

*Екипите на Работнички, Вардар и МЗТ Скопје Аеродром обезбедија пласман на Ф4. Поразените три екипи играат бараж за последното место на финалниот турнир

ТРЕТА ЕЛИМИНАЦИСКА ФАЗА-БАРАЖ

Феникс 2010 – Гостивар 90:44

09.06: Навико Академија ФМП – Феникс 2010

10.06: Гостивар – Навико Академија ФМП

М18-МАЖИ

Куманово – Партизан Водно Санс     76:49

МЗТ Скопје Уни Банка – Феникс 2010          78:72

МЗТ Скопје Аеродром - Работнички 2          63:79

*Екипите на Куманово, МЗТ Скопје Уни Банка и Работнички 2, обезбедија пласман на Ф4. Поразените три екипи играат бараж за последното место на финалниот турнир

ВТОРА ЕЛИМИНАЦИСКА ФАЗА

Партизан Водно Санс – МЗТ Скопје Аеродром     53:55

09.06: МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010

10.06: Феникс 2010 – Партизан Водно Санс

 

М16-ЖЕНИ

Тим Арена – Шкупи         64:43

Бадел 1862 – Тетова Булс          81:30

Струга 2009 – Пробаскет-Кавадарци 54:29

ВТОРА ЕЛИМИНАЦИСКА ФАЗА

Крива Паланка – Струга 2009  61:38

Трокал – Тим Арена         66:37

Вардар – Бадел 1862      48:68

Екипите на Крива Паланка, Трокал и Бадел 1862 обезбедија пласман на Ф4. Поразените три екипи играат бараж за последното место на финалниот турнир

М18-ЖЕНИ

ПРВА ЕЛИМИНАЦИСКА ФАЗА

Пробаскет-Кавадарци – Гостивар      8:60

Струга 2009 – МЗТ Скопје Аеродром 86:14

Вардар – Бадел 1862      49:55

ВТОРА ЕЛИМИНАЦИСКА ФАЗА

Крива Паланка – Струга 2009  68:60

Шкупи – Гостивар 46:27

Трокал – Бадел 1862       28:53

Екипите на Крива Паланка, Бадел 1862 и Шкупи обезбедија пласман на Ф4. Поразените три екипи играат бараж за последното место на финалниот турнир