Екипата на Вардар е освојувач на шампионската титула во М14 лигата во женска конкуренција. Во финалниот натпревар на турнирот кој овој викенд се одржуваше во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје беа убедливо подобри од екипата на Јасмин 95 од Кавадарци.
ФИНАЛЕ
ЈАСМИН 95 – ВАРДАР 42:69
(3-14; 19-17; 8-25; 12-13)
Јасмин 95: Атанасова, Мегленова 3, Стојановиќ, Најдова, Димова, Грижева 12, Ѓорева 6, Алексова 3, Лалкова, Димова 16, Богоева, Николова 2;
Вардар: Ивановска 2, Ефтовска 4, Гичевска, Трајчева 4, Михајлова 13, Гиновска 4, Антова 5, Столеска 2, Трајковска 27, Димитровска 4, Илиевска 2, Николиќ 2;
Кошаркарите на Вардар имаа одличен почеток во финалето. Пред се, одиграа добро во одбраната, го лимитираа својот ривал во битката за златниот медал, на само три поени, (сите од линијата за слободни фрлања). На другата страна реализираа 14, за двоцифрени (14:3) на крајот на првата четвртина.
Во втората, кавадарчанки одиграа многу поорганизирано, особено во фазата на нападот, успеаја да ја преполоват двоцифрената негатива. Но во последните две минути „вардарки“ успеаја одново да обезбедат солидна позитива, на полувремеот водеа со солидни (31:22).
По нешто повеќе од три минути игра во продолжението, со серијата од (9-2), Вардар поведе со највисоки, (40:24). Не помогна многу ниту раниот тајм аут на тренерот на Јасмин 95.
Фаворитот во овој меч продолжи со серијата...
Поточно додадоа избраничките на тренерот Оливер Стојмановиќ уште десет поени, за големи и убедливи (50:24), и недостижни за екипата од Кавадарци, која мора(ше) да се задоволи со среброто на овој завршен соби на М14 лигата.
И повеќе од заслужено, златните медали, кои им ги додели некогашната „вардарка“, и актуелна репрезентативка на Македонија, Матеа Николиќ, се на градите на младите кошаркарки на Вардар!
М14 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР - СКОПЈЕ
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Спорт тим - Јасмин 95 55:68
Вардар - Струга 2009 78:32
За трето место
Спорт тим – Струга 2009 44:42
Финале
Јасмин 95 – Вардар 42:69