05.03.2020

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Силен старт на Партизан Водно Санс и на Вардар во М-18 лигата

„Црно-белите“ стигнаа до убедлива победа над Феникс 2010 (74:59), додека „вардарци“ лесно го победија Чаир 2030 со резултат (70:24)...

 

Согласно со системот за натпреварување, втората фаза од М-18 лигата во машка конкуренција опфаќа одигрување на уште седум натпревари според „Оролоџо“ системот.

Систем по кој првопласираните четири екипи од овој втор круг ќе се пласираат директно во четвртфиналето од М-16 лигата, додека оние кои се пласирани од 5. до 8. место ќе разигруваат со првопласираните четири екипи од новоформираната Втора лига, со спојување на групите Исток и Запад.

А во првото коло, фаворитските екипи го потврдија својот статус кој го имаа и во оној прв круг од натпреварите.

Во можеби најинтересниот меч од премиерното коло, кошаркарите на Партизан Водно Санс полесно од очекувањата беа подобри од Феникс 2010. Слвеа со сигурни, убедливи (74:59), па сега дојдоа на чекор до лидерската екипа.

Чекор понапред кон местата кои водат директен пласман во четвртфиналето направи и екипата на Вардар, која без особени напори го совлада Чаир 2030 со (70:24).

Во најизнедначениот дуел во ова коло, Работнички беше подобар ривал од Куманово 2009. Дојде до победа од (69:56), па „црвено-белите“ остануваат во трката за позицијата број 4, заедно со екипата на МЗТ Скопје Аеродром која вечерва го игра својот меч против екипата на Академија ФМП.  

*Во Втората лига од оваа М-18 конкуренција, одличен почеток на Еуро Никел 2005. Кавадарчани славеа со 28.поени предност во дуелот со Вибас Баскет (96:68). Неизвесно беше на средбата помеѓу вториот тим на МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ. Беше решена во последната минута, а на крајот се радуваа гостите (88:75).

Во Гевгелија, Кожув го совлада вториот состав на Партизан Водно Санс (73:67), а следната седмица својот меч од вториот круг на натпреварите во М-18 лигата ќе го играат Гостивар и Пелистер.   

М-18 ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ

1. КОЛО-ОРОЛОЏО

Партизан Водно Санс – Феникс 2010           74:59

Вардар – Чаир 2030        70:24

Работнички – Куманово 69:56

МЗТ Скопје А-1 – Академија ФМП     75:65

ТАБЕЛА: Феникс 2010 28, Партизан Водно Санс 27, Вардар 26, МЗТ Скопје А-1 23, Работнички 22, Куманово 20, Академија ФМП 18, Чаир 2030 14;

ИДНО КОЛО (07.03)

Вардар – МЗТ Скопје А- 1

Феникс 2010 – Академија ФМП

Чаир 2030 – Куманово 2009

Партизан Водно Санс – Работнички

ВТОРА ЛИГА – МАЖИ

1.КОЛО-ОРОЛОЏО

МЗТ Скопје Аеродром-2 – ТФТ            85:88

Еуро Никел 2005 – Вибас Баскет         96:68

Кожув – Партизан Воднос Санс-2       73:67

Гостивар – Пелистер       10.03

ТАБЕЛА: Еуро Никел 2005 2, Кожув 2, ТФТ 2, МЗТ Скопје Аеродром-2 1, Партизан ВС-2 1, Вибас Баскет 1, Гостивар 0 (-1), Пелистер 0 (-1)

ИДНО КОЛО (07.03)

Еуро Никел 2005 – Гостивар

ТФТ – Пелистер

Вибас Баскет – Партизан Водно Санс-2

МЗТ Скопје Аеродром-2 - Кожув