Екипите на Работнички, Вардар, Водно Санс и на Феникс 2010 се финалистите, односно учесници на завршниот турнир од младинските лига во М18 конкуренцијата од машкиот сегмент, и во викендот кој следува ќе се борат за шампионскиот трофеј.
Јуниорите на Работнички делуваа и повеќе од убедливо во серијата против Црн Дрим. Победија на свој терен со (106:80), но и на гостински, во Струга со (102:76) за „брз пласман“ во полуфиналето, каде за противник ги чека екипата на Вардар.
„Вардарци“ беа убедливи во двата натпревари против екипата на Чаир 2030. На домашен терен славеа со убедливи (106:72), а нешто слично беше и на реванш-натпреварот одигран во Чаир, (104:91).
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат екипите на Водно Санс и на Феникс 2010.
Екипата на Водно Санс беше подобра, во само два натпревари го елиминира МЗТ Скопје. Прво славеа со повеќе од убедливи, (119:58), а потоа и на гостински терен во Аеродром (104:83), за максимални (2-0) во оваа серија.
За место во финалето, и што подобар пласман на финалниот турнир, ќе се борат и младите кошаркари на Феникс 2010. Исто така, во само два натпревари, го елиминираа својот градски ривал, Академија ФМП. Пред својата публика беа убедливи, победија со (84:55), а серијата ја затворија со уште еден сигурен триумф (63:46).
Победниците на овие четири серии обезбедија пласман на завршниот турнир во М18 лигата-мажи кој е закажан за 27. и 28. мај.
Јавното наддавање за добивање на организација на завршниот турнир во категоријата М18 лига-мажи, ќе биде на 23. мај (вторник), од 13.30 часот, во просториите на КФСМ.
М18 - МАЖИ
ЧЕТВРТФИНАЛЕ – РЕЗУЛТАТИ
ПРВ НАТПРЕВАР
Работнички – Црн Дрим 106:80 (1-0)
Водно Санс – МЗТ Скопје 119:72 (1-0)
Феникс 2010 – Академија ФМП 84:55 (1-0)
Вардар – Чаир 2030 106:72 (1-0)
ВТОР НАТПРЕВАР
Црн Дрим – РАБОТНИЧКИ* 76:102 (0-2)
МЗТ Скопје - ВОДНО САНС* 83:104 (0-2)
Академија ФМП – ФЕНИКС 2010* 46:63 (0-2)
Чаир 2030 – ВАРДАР 91:104* (0-2)
*- обезбедиле место на финален турнир
ДВОЈКИ - ПОЛУФИНАЛЕ
Работнички – Вардар
Водно Санс - Феникс 2010