05.05.2023

Најдобрите осум екипи во двете конкуренции ќе се борат за местата кои водат на финалниот турнир

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Следува битката за „финалните четири“ во М18 лигите

Завршен е првиот дел од сезоната во М18 сегментот во младинските лиги. И согласно со системот за натреварување во оваа возрасна категорија, познати се и осумте екипи кои го продолжуваат натпреварувањето во следната, плеј-оф фаза.

Првопласираните две екипи од трите групи, како и двете најдобри кои завршија како третопласирани се изборија за место во четвртфиналето.

КЛУБОВИ ЧЕТВРТФИНАЛИСТИ: Работнички, Црн Дрим, Водно Санс, МЗТ Скопје Аеродром, Феникс Баскет, Академија ФМП, Вардар, Чаир 2030;

Согласно со пласманот во групниот дел од М18 натпреварувањето-мажи, формирани се и четвртфиналните двојки:

РАБОТНИЧКИ – ЦРН ДРИМ

ВОДНО САНС – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

ФЕНИКС БАСКЕТ – АКАДЕМИЈА ФМП

ВАРДАР – ЧАИР 2030

Четвртфиналето ќе се игра според системот „подобар во три натпревари“. Серијата во која предност на домашен терен имаат подобропласираните екипи во регуларниот дел, ќе стартува на 6. мај.

Вторите мечеви се закажани за 13.мај, а евентуалната трета средба, односно т.н. „мајсторка“, ќе се игра на 20.мај.

Победниците на овие четири серии ќе обезбедат пласман на завршниот турнир во М18 лигата кој е закажан за 27 и 28.мај.

РЕЗУЛТАТИ-ТАБЕЛИ-РАСПОРЕД ВО М18 ЛИГАТА-МАЖИ

* Истите принципи-правила важат и за женскиот дел од ова натпреварување.

На крајот на првиот, групен сегмент од ова натпреварување, познати се осумте екипи кои ја продолжуваат битката за четири места кои водат на финалниот турнир кој треба да го даде новиот државен првак на Македонија за сезоната 2022/2023.  

КЛУБОВИ ЧЕТВРТФИНАЛИСТИ: Вардар, Тим Арена, Баскет кам, ГКК Охрид, Јан Бор, Бадел 1862, Крива Паланка, Тетова булс;

Согласно со пласманот во групниот дел од М18 натпреварувањето-мажи, формирани се и четвртфиналните двојки:

ВАРДАР – ТИМ АРЕНА

БАСКЕТ КАМ – ГКК ОХРИД

ЈАН БОР – БАДЕЛ 1862

КРИВА ПАЛАНКА – ТЕТОВА БУЛС

Четвртфиналето во женска конкуренција, исто така ќе се игра според системот „подобар во три натпревари“. Серијата во која предност на домашен терен имаат подобропласираните екипи во регуларниот дел, ќе стартува на 6. мај.

Вторите мечеви се закажани за 10.мај, а евентуалната трета средба, односно т.н. „мајсторка“, ќе се игра на 13.мај.

Победниците на овие четири серии ќе обезбедат пласман на завршниот турнир во М18 лигата кој е закажан за 20 и 21.мај.

РЕЗУЛТАТИ-ТАБЕЛИ-РАСПОРЕД ВО М18 ЛИГАТА-ЖЕНИ