04.06.2021

Овој викенд ќе дознаеме дел од учесниците на завршните турнири во две натпреварувачки групи

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Следуваат битки за „Фајнал-фор“ во М16 и М18 лигите

Лигите М16, односно М18 веќе го доживеаја својот „рестарт“, и овој викенд ќе биде реализирана и третата елиминациска фаза, по што ќе бидат познати и првите учесници на завршниот турнир.

Шест екипи во двете конкуренции ќе се борат за три места кои водат на финалниот турнир и битки за шампионската титула. Доста интересни натпревари се очекуваат во салата на СРЦ „Кале“. Ќе се сретнат:

Работнички – Феникс 2010

Гостивар – Вардар

МЗТ Скопје Аеродром – Навико Академија ФМП

*Слични возбудувања следуваат и во повозрасната категорија на играчи, оние кои се дел од М18 лигата. На програмата се исто така, три натпревари:

Куманово – Партизан Водно Санс

МЗТ Скопје Уни Банка – Феникс 2010

МЗТ Скопје Аеродром - Работнички 2

Во сабота, продолжуваат и натпреварите во М14 лига-мажи. Согласно со променетиот систем за натпреварување, во првиот елиминациски круг се најдоа вкупно осум екипи: Куманово, МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер, Феникс 2010, Баскет КАМ, Вардар, Црн Дрим и Шкупи.

Екипите победници во првиот круг од натпреварите, заедно со екипите на Навико Академија ФМП и Партизан Водно Санс ќе ги продолжат натпреварите во втората фаза од натпреварувањето.

*Паралелно со натпреварите во машкиот, ќе продолжат уште две лиги, но во женскиот младински сегмент.

Овој викенд ќе се играат елиминациите во М18 и во М16 лигата.

Во М18 конкуренцијата за место на завршниот турнир, во онаа прва фаза на елиминации ќе се борат екипите на: Пробаскет-Кавадарци, Гостивар, Струга 2009, МЗТ Скопје Аеродром, Вардар и Бадел 1862.

Додека пак во М16 конкуренцијата за место на финалниот турнир, во онаа прва, елиминациска фаза, ќе се борат екипите на: Тим Арена-Штип, Шкупи, Бадел 1862, Тетова Булс, Струга 2009 и Пробаскет-Кавадарци.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

М14-МАЖИ

5.ЈУНИ (САБОТА):

10.00: Куманово – МЗТ Скопје Аеродром

12.15: Пелистер – Феникс 2010

(натпреварите се играат во сала на КК „Вардар“- Скопје)

10.00: Баскет КАМ – Вардар

12.15: Црн Дрим - Шкупи

(натпреварите се играат во голема сала на СРЦ „Кале“-Скопје)

М16-МАЖИ

14.30: Работнички – Феникс 2010

16.45: Гостивар – Вардар

19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Навико Академија ФМП

(натпреварите се играат во сала на КК „Вардар“- Скопје)

М18-МАЖИ

14.30: Куманово – Партизан Водно Санс

16.45: МЗТ Скопје Уни Банка – Феникс 2010

19.00: МЗТ Скопје Аеродром - Работнички 2

(натпреварите се играат во голема сала на СРЦ „Кале“-Скопје)

 

М16-ЖЕНИ

5.ЈУНИ (САБОТА):

11.00: Тим Арена – Шкупи

13.30: Бадел 1862 – Тетова Булс

16.00: Струга 2009 – Пробаскет-Кавадарци

(натпреварите се играат во салата „Наум Наумовски-Борче“- Скопје)

М18-ЖЕНИ

11.00: Пробаскет-Кавадарци – Гостивар

13.30: Струга 2009 – МЗТ Скопје Аеродром

16.00: Вардар – Бадел 1862

(натпреварите се играат во салата „Независна Македонија“- Скопје)