02.06.2024

Во „малото финале“ девојките од Неготино беа подобри од Струга 2009, во продолжението од пет минути (44:42)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Спорт тим заврши на третото место во М14 лигата

Особено возбудлив беше натпреварот за третото место во кој победникот беше добиен дури по одигрување на дополнителни пет минути.

ЗА ТРЕТО МЕСТО

СПОРТ ТИМ - СТРУГА 2009        44:42

(10-11; 13-5: 8-17; 6-4; 7-5)

Спорт тим: Веланов, Леова 14, Коцева 9, Јовановиќ, Смилкова 6, Делева, Димова 8, Глапчева, Митановска 7, Крстевска, Трајкова, Тодорова;

Струга 2009: Фејзулаи, Таранеши 5, Ѓуроска 4, Милчин 10, Мијевска, Ложанкоска 5, Ристиќ, Зиба 11, Миладиноска, Даути 7, Милевска;

Во регуларниот дел, екипите на Спорт тим и н Струга 2009 одиграа нерешено (37:37), а во оној екстра период подобро се снајдоа младите кошаркарки од Неготино кои беа за два поени подобри од оние од Струга и славеа со конечни (44:42), доволни за трето место на турнирот.

Капитенот Леова со 14 поени, го предводеше свој тим до бронзените одличја, Коцева дополни со девет, а Димова имаше еден поен помалку.

Во екипата на Струга 2009, која имаше сериозни проблеми со личните грешки, на крајот Зиба дојде до 11, а Милчин додаде уште десет поени.

М14 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР - СКОПЈЕ

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ

Спорт тим - Јасмин 95     55:68

Вардар - Струга 2009      78:32

За трето место

Спорт тим – Струга 2009 44:42

Финале

Јасмин 95 – Вардар         (во тек)