06.03.2020

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Старт на Суперлигата со победи на фаворитите во М-15 конкуренцијата

Највозбудливо беше во Струга, каде кошаркарите на Црн Дрим во неизвесен финиш го победија скопски Вардар (70:67).

 

„Бројчаникот“ беше вратен на „нула“, а тоа означи и почеток на новиот дел од првенството во М-15 конкуренцијата, оној суперлигашкиот.

Во првиот круг од натпреварите во Суперлигата, три убедливи победи на екипите кои важат како сериозни кандидати за пласман на завршниот турнир.

Најнеизвесниот дуел го одиграа младите кошаркари на Црн Дрим и на Вардар. Во возбудлив финиш, во Струга, славеа домаќините со (70:67), па станаа една од четирите екипи со стартни два бода во новоформираното натпреварување.

На останатите натпревари, гостинска и убедлива победа реализираа кошаркарите на МВП Струмица кои ги совладаа Водњански Лисици со резултат (88:67).

Сигурни победи остварија и кошаркарите на Феникс 2010 против Академија ФМП со (96:68), и Работнички во средбата со Ангели  (85:56).

Согласно со системот за натпреварување, натпреварите во Суперлигата ќе се одиграат во една група. По двокружен бод систем „секој со секого“ од 14. кола и првопласираните четири екипи одат директно на завршниот турнир.

По одигрување на натпреварите од Суперлигата, првопласираните четири екипи ќе ги добијат натпреварувачките броеви од 1-4, и ќе имаат право да разигруваат за државен првак за натпреварувачката сезона 2019/2020.

М-15-МАЖИ-СУПЕРЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 1.КОЛО

Црн Дрим – Вардар         70:67

Водњански Лисици – МВП Струмица           65:88

Феникс 2010 – Академија ФМП          96:68

Работнички – Ангели      85:56

ТАБЕЛА: Феникс 2010 2, Работнички 2, МВП Струмица 2, Црн Дрим 2, Вардар 1, Водњански Лисици 1, Академија ФМП 1, Ангели 1

ИДНО КОЛО (07.03)

МВП Струмица – Ангели

Водњански Лисици – Црн Дрим

Академија ФМП – Работнички

Вардар – Феникс 2010