04.09.2023

Овој викенд почнаа квалификациите за формирање на натпреварувачките групи во М16 и М18 лигата во машка конкуренција.

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Стартуваа квалификациите за М16 и М18 лига-мажи

Со оглед на големиот број на пријавени екипи, за формирање на најквалитетната лига – Првата, осумте учесници ќе бидат добиени низ квалификациски натпревари.

За натпреварувачката сезона 2023/2024 во М 16 лигата – мажи, се пријавени вкупно 29. екипи.

Поделени се во осум квалификациски групи, од нив пет со по четири екипи учесници, а три по три. Со оглед на тоа одреден е и системот за натпреварување „секој со секого“, според кој во групите со четири екипи, клубови ќе бидат одиграни шест, а во групите со три екипи, три натпревари.

*Поради откажувањето на екипите на Академија ФМП и Куманово 2009 во групата 6, екипата на Борец Баскет од Велес е член на Првата лига.

А поради повлекувањето од натпреварите на екипата Ринија во групата „8“, екипите на Гостивар и Црн Дрим одиграа само еден натпревар, во кој подобри беа кошаркарите од Струга. Славеа на гостински терен со резултат (74:61), и се пласираа во Првата лига

За натпреварувачката сезона 2023/2024 во М 18 лигата – мажи, се пријавени вкупно 23. екипи.

Поделени се во осум квалификациски групи, седум од нив со по три екипи учесници, а една со две.

Согласно со системот за натпреварување „секој со секого“, во седум од осумте групи ќе бидат реализирани по три натпревари, додека пак во групата 8, поради откажувањето на екипата на Академија ФМП, екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица обезбеди директен пласман во Првата лига за сезоната 2023/2024 во оваа натпреварувачка категорија.

М18 ЛИГА-МАЖИ – РЕЗУЛТАТИ - КВАЛИФИКАЦИСКИ НАТПРЕВАР 1

М16 ЛИГА-МАЖИ – РЕЗУЛТАТИ - КВАЛИФИКАЦИСКИ НАТПРЕВАР 1