19.06.2021

Во финалето на завршниот турнир во М15 лигата-мажи пак ќе се сретнат екипите на Партизан Водно Санс и Вардар

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Струга 2009 и Бадел 1862 ќе се борат за титулата во женската јуниорска лига

Екипите на Струга 2009 и на Бадел 1862 ќе играат во утрешното финале во М18 лигата во женска конкуренција.

Стружанки излегоа како победници во полуфиналниот дуел со Шкупи (47:35), додека пак „баделки“ го направија истото на средбата со екипата на Крива Паланка, славеа со (54:44)

Затоа сосема заслужено, во недела навечер, од 19.30 часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје,  двата ривали ќе се борат за титулата државен првак во женска јуниорска конкуренција.

*Познати се и финалистите во М15 лигата во машка конкуренција, Тоа се екипите на Партизан Водно Санс и на Вардар.

До финалниот меч кој ќе се игра во недела од 17.часот, во салата „независна Македонија“, младите коашркари на Партизна Водно Санс дојдоа по победата во полуфиналето против екипата на Дино Баскет со (99:93).

Нивниот противник во натпреварот за шампионската титула, екипата на Вардар, беше убедлива во средбата со МЗТ Скопје Аеродром (95:79).

Согласно со тоа, во натпреварот за третото место, од 15.часот, младите „металци“ ќе разигруваат со екипата од Кочани.

ФИНАЛЕН ТУРНИР - М18 ЛИГА-ЖЕНИ

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Шкупи – Струга 2009       35:47

Крива Паланка – Бадел 1862   44:54

ФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ – 20.ЈУНИ

ЗА ТРЕТО МЕСТО

17.30: Шкупи – Крива Паланка

ФИНАЛЕ

19.30: Струга 2009 – Бадел 1862

*Натпреварите се играат во салата на СРЦ „Кале“

 

ФИНАЛЕН ТУРНИР - М15 ЛИГА-МАЖИ

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ – 19.ЈУНИ

Дино Баскет – Партизан Водно Санс 93:99

Вардар – МЗТ Скопје Аеродром         95:79

ФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ – 20.ЈУНИ

ЗА ТРЕТО МЕСТО

15.00: Дино Баскет – МЗТ Скопје Аеродром

ФИНАЛЕ

17.00: Партизан Водно Санс – Вардар

*Натпреварите се играат во салата „Независна Македонија“