Четвртфиналето кое се играше според системот „подобар во три натпревари“, во М 12 лигата-мажи, донесе две „мајсторки“, односно пласманот на финалниот турнир беше обезбеден дури по одигрување на трет натпревар, во две од четирите серии.
Први предноста која ја носи играњето на домашен терен ја искористија екипите на Борец и на Феникс баскет, кои во два одиграни натпревари ги елиминираа екипите на МЗТ Скопје и Тетова Булс.
Серијата во која предност на домашен терен имаат подобропласираните екипи во регуларниот дел, ја искористи и екипата на Куманово, макар преку одигрување на т.н. мајсторка“. На свој терен, по втор пат беа подобри од екипата на Вардар (44:23) за крајни (2-1) во серијата.
Единствениот „брејк“ пак го направија младите кошаркари на Струмица, кои во третиот и решавачки меч беа подобри од екипата на Чаир 2030 (52:41), со што го освоија вториот поен во серијата, по кој обезбедија место во самата завршница на ова натпреварување.
М12 ЛИГА - РЕЗУЛТАТИ - ЧЕТВРТФИНАЛЕ
ПРВИ НАТПРЕВАРИ
ЧАИР 2030 – СТРУМИЦА 58:47 (1-0)
ФЕНИКС 2010 – ТЕТОВА БУЛС 49:39 (1-0)
КУМАНОВО – ВАРДАР 39:27 (1-0)
БОРЕЦ – МЗТ СКОПЈЕ 52:24 (1-0)
ВТОРИ НАТПРЕВАРИ
СТРУМИЦА – ЧАИР 2030 46:43 (1-1)
ТЕТОВА БУЛС – ФЕНИКС 2010* 31:43 (0-2)
МЗТ СКОПЈЕ – БОРЕЦ* 36:39 (0-2)
ВАРДАР – КУМАНОВО 43:35 (1-1)
ТРЕТИ НАТПРЕВАРИ
ЧАИР 2030 – СТРУМИЦА * 41:52 (1-2)
КУМАНОВО* – ВАРДАР 44:23 (2-1)
*- обезбедиле место на финален турнир
ДВОЈКИ ПОЛУФИНАЛЕ
Струмица – Борец
Феникс 2010 - Куманово
Победниците на овие четири серии обезбедија пласман на завршниот турнир во М14 лигата-мажи кој е закажан за 13. и 14.мај.
Јавното наддавање за добивање на организација на завршниот турнир во категоријата М12 лига-мажи, ќе биде на 10. мај (среда), од 12. часот, во просториите на КФСМ.