09.06.2024

сребро за Бадел 1862, бронза за МВП Скопје

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Трофејот во М12 за Петровски!

Петровски издоминира на завршниот турнир во возрасната категорија за кошаркарки до 12 години и го освои шампионскиот трофеј по битката во финалето против Бадел 1862 која ја доби со 51-45.

Бронзените медали завршија во рацете на МВП Скопје кои ја совладаа екипата на Работнички со 29-45.

Јана Наумовска од редовите на Петровски е прогласена за најкорисен играч (МВП).

Повеќе фотографии од завршниот турнир се објавени на Facebook страницата на КФСМ.