Овој викенд ќе се игра и финалниот турнир во М14 лигата во машка конкуренција.
Во салата во „Градски парк“ во Скопје, четирите најдобри екипи во овој сегмент од натпреварувањата во младинските лиги, ќе одлучат за тоа кој ќе биде и најдобриот.
Првото полуфинале, ќе се игра на 20.мај (сабота), а ќе играат екипите на Работнички и Вардар е закажано за 16.часот.
Од 18.30 часот, за место во финалето, во вториот полуфинален натпревар ќе разигруваат ИБА Академија и Куманово.
Победникот, кој за прв пат, ќе добие и парична награда во висина од 45.000 денари ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 21.мај (недела) од 14.30 часот.
Поразената екипа во финалниот натпревар ќе биде парично наградена со 30.000 денари.
Натпреварот за третото место е предвиден за недела, од 12.часот. Победникот на оваа средба, освен бронзените одличја ќе добие и парична награда во висина од 25.000 денари.
Поразениот тим ќе добие 15.000 денари од вкупниот награден фонд кој го предвиде федерацијата за овој финален турнир.
М14 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
20.МАЈ (САБОТА)
ПОЛУФИНАЛЕ
16.00: Работнички – Вардар
18.30: ИБА Академија - Куманово
21.МАЈ (НЕДЕЛА)
12.00: За трето место (поразен 1) – (поразен 2)
14.30: Финале (победник 1) – (победник 2)