21.05.2024

Во финалниот меч од М18 лигата, „вардарци“ беа за нијанса подобри од својот голем ривал Водно Санс (106:97)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Вардар е јуниорски шампион на Македонија!

Финалниот натпревар во М18 лигата во кој се сретнаа екипите на Вардар и Водно Санс донесе одлична игра од двата финалисти. Ефикасна, возбудлива, на крај и драматична завршница во која како победник излегоа кошаркарите на Вардар. 

ВАРДАР - ВОДНО САНС  106:97

По осум минути игра, Вардар поведе со (22:14), но до истекот на првиот период Водно Санс успеа да надополни мал дел од тој минус за резултат (22:28).

Но „вардарци“ успеваа да ја одржат таа позитива, која во неколку наврати беше и двоцифрена, (39:29), кога се играше 16.минута, а нешто подоцна имаа идентичен плус (43:33), но уште еднаш противничката екипа успеа во обидите да ја сведе на пруифатлива, одбосно дотижна.

На полувремето, Вардар водеше со (47:41).

Уште повозбудлива беше најавата на второто полувреме, која ја креираа кошаркарите на Водно Санс. „Преведено“ со бројки, а по тројката на Димитриев, беа во заостанување од само „половина кош“ (50:51), минута 23!

Слично беше и некоја минута подоцна, кога Ќириловски погоди за (54:56).  

Во тој моментум, Водно Санс направи и комплетен пресврт, со серијата (11-0), поведе со (61:56), за тајм-аут за Вардар. Доволен да се вратат во егал резултат.

Прво на (61:61). нешто потоа и (66:66), за и тој дел да биде во знакот на еднаквоста (68:68)!

Ништо не  се промени и во периодот на одлука, затоа што ниту една од двете екипи. Извесно, не се одвои резултатски, макар што на 2:46 минути пред крајот, Ќириловски положи за предност на Водно Санс, (92:89).

Но, крајот беше далеку...

Следуваше финалната серија на Вардар – онаа победничка од девет поени, за нова промена на водството (98:92), и само 1:16 минути до крајот.

Кај Вардар, Марјановиќ постигна 25.поени (имаше и 11. скока, и четири асистенции), Лукановски освен 25.поени придодаде и 19 скока (и пет асистенции), а ги следеа Најдов, односно Младеновски со по 16. поени, додека Трајковски заврши со 13.

Ќириловски и Трајанов, заедно со Д. Бутемер го предводеа тимот на Водно Санс.

М18 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ

Водно Санс – Феникс 2010 84:78

Вардар – Кожув 97:74

ЗA ТРЕТО МЕСТО

Феникс 2010 – Кожув      84:67

ФИНАЛЕ

Вардар - Водно Санс       106:97