02.06.2024

Во финалниот меч од М18 лигата, „вардарки“ беа многу подобри од домаќинот на турнирот, екипата на Патриот 2016, со резултат (79:52)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Вардар е најдобрата екипа во женска јуниорска конкуренција!

Кошаркарките на Вардар се победници на завршниот турнир на М18 лигата во женска конкуренција, откако во мечот на одлука, одигран вечерва во Делчево, славеа победа против домаќинот на овој собир, екипата на Патриот 2016.

ВАРДАР– ПАТРИОТ 2016           79:52

Фаворитската улога во големото финале на М18 лигата не ги натера кошаркарите кои од клупата ги предводи Јасмина Герасимвска-Николиќ на своевидна релаксираност.

Напротив, од првата минута, девојките во „црвено-црна“ комбинација му дадоа на знаење на својот противник во големото финале, дека се подготвени да одат до самиот крај.

Посебно внимание во одбраната посветија на најдобриот играч на Патриот 2016, Ана Ангеловска, која, навистина, реализираше 111.поени во првото полувреме, но останатиот дел од екипата од Делчево беше далеку зад просекот.

Во првиот период од финалето, Вардар се стекна со предност од шест поени (19:13). Но Во ист стил продолија и во вториот, во кој направија уште поголема разлика.

На полувремето, гостинките од Скопје водеа со (40:23),

Но тука не застанаа, направија серија од (11-0) во почетните неколку минути од третата четвртина, доволно за уште повисока предност, сега од (51:23). Нешто подоцна, по 28.минути од играта во финалето, и по 16.поен на Мариновска, Вардар имаше плус 23, (57:30), по што полека но сигурно, се надзираше победникот на овој натпревар.  

На крајот од третиот период, Вардар имаше комотно водство (61:37), а Пислевска, со 11.поени, стана вториот „двоцифрен“ играч, во условно кажано, „домашната“ екипа – Вардар!

М18 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР - ДЕЛЧЕВО

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Вардар – Пробаскет 104:51

Патриот 2016 – Бадел 1862      72:61

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Пробаскет – Бадел 1862             55:72

ФИНАЛЕ

Вардар – Патриот 2016  79:52