18.05.2024

Во неверојатен меч во кој блескаа Чадиновски и Ангеловски, дадоа по 62.поени, „вардарци“ го победија МКК Куманово во продолжението (93:91)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Вардар е прв финалист во М14 лигата

Неверојатен натпревар беше првиот полуфинален на турнирот во Куманово. На двата полуфиналисти, МКК Куманово и Вардар, очигледно, малку им беа оние регуларни 40.минути. Па за патникот во финалето одлучи оној екстра период од пет минути.

На крајот, победата им припадна на младите кошаркари на Вардар, кои славеа со минимални (93:91).

А до победата ги однесе една неверојатно ефикасна игра која ја презентираше Чадиновски, кој реализираше 62.поени, вклучително и тројката која го одлучи победникот.

На другата страна, слично, одлична партија на уште еден млад каашркар, Ангеловски му парираше на Чадиновски во секој поглед, па и оној поентерскиот. На крајот на овој возбудлив меч, двајцата имаа по 62. реализирани поени, но оние на „вардарецот“ се покажаа како победнички.

МКК Куманово – Вардар                       91:93

(25-27; 24-25; 17-23; 19-10; 6-8)

МКК Куманово: Ангеловски 62, Величковски 4, Гориќ 2, Димковски 15, Додевски, Ангеловски, Андоновски, М.Димковски, Петковски 4, Јосевски, Младеновски 4, Аврамовски:

Вардар: Мариовски 7, Трпчевиќ 6, Нешкоски 2, Поповски 14, Тримчески, Спировски, Петровски, Чадиновски 62, Секулоски 2, Симоновски, Дуганов, Димоски;

Од 15. часот, за место во финалето разигруваат екипите Водно Санс и на тетовски Љуботен.

Победникот на финалниот турнир во Куманово ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 19.мај (недела) од 15. часот.

Нешто порано, од 12.часот, на распоредот е натпреварот за третото место.

М14 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ

МКК Куманово - Вардар 91:93

Водно санс – Љуботен   (во тек)

19.МАЈ (НЕДЕЛА)

12.00: За трето место МКК Куманово – Водно санс/Љуботен

15.00: Финале Вардар – Водно санс/Љуботен

* Сите натпревари се играат во салата „Перо Наков“ во Куманово