Кошаркарките на вадар се освојувачки на шампионскиот трофеј во М16 лигата на Македонија.
Во последниот меч од сезоната, „вардарки“ беа многу подобар ривал од Бадел 1862, и сосема заслужено се закитија со златните одличја во оваа кадетска конкуренција од женскиот младински сегмент.
ВАРДАР – БАДЕЛ 1862 81:64
Силно темпо наметнаа кошаркарките на Вардар од самиот почеток на финалниот натпревар во М16 лигата во женска конкуренција.
Уште во оние воведни минути се стекнаа со предност, која на крајот на првиот период изнесуваше двоцифрени (25:13).
Но не се задоволија со тоа „вардарки“, напротив, притиснаа уште посилно во текот на втората четвртина. По 16. минути игра во финалето, Вардар имаше двојно поголеми (42:21). Некоја минута подоцна имаа уште поголеми (48:24), со кои ја најавија и шампионската титула во оваа возрасна категорија, макар што до крајот на финалето имаше уште едно полувреме.
Пислевска и Кукунешковска ја диктираа играта во нападот на Вардар. Во тие 20.минути искомбинираа 27 поени, десет дополни Мариновска.
На другата страна од теренот Милосављевиќ стигна до бројката од десет поени, Алексова имаше два помалку. Но евидентно, за нешто повеќе, недостасуваа поените од нивните соиграчки.
На истекот на првиот дел од играта, Вардар беше доста „далеку“, водеше тимот на тренерот Славица Наков со (53:28).
Во второто полувреме, многу поизедначена игра. На почетокот на третата четвртина, Бадел 1862 најави подобро издание, со серија од (11-3) „симна“ неколку поени од високиот минус. Во четири, неполни, минути резултатот беше (39:56).
„Помош“ за Алексова и Милосављевиќ дојде од Сарафилоска. Со 15.поен на Алексова, „баделки“ дојдоа и на (45:62), а проблем плус за Вардар беше и 5. лична грешка на Мариновска.
Но Начевска и Кукунешовска го сопреа налетот на Бадел 1862, вратија на високи (68.45), кога се играше 28.минута од финалето.
А по три одиграни четвртини беше слични (70:49), за Вардар.
Уште по 30. минути од играта, комплетнатѕа стартна петорка на Вардар (со исклучок на Трајковска) беше „двоцифрена“. Освен Пислевска и Кукунешовска, потоа и Мариновска (остана на десет), во второто полувреме им се придружи и Начевска (со 14.реализации).
Тоа беше и премногу за противникот кој мораше да го признае поразот во финалниот меч од подобрата екипа.
Вардар е шампион на М16 лигата!
М16 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР – СКОПЈЕ
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Вардар - Тим Арена 91:37
Бадел 1862 - Крива Паланка 61:30
ЗА ТРЕТО МЕСТО
Тим Арена – Крива Паланка 43:48
ФИНАЛЕ
Вардар – Бадел 1862 81:64