19.05.2024

Во финалниот натпревар, „вардарци“ стигнаа до убедлив триумф против Водно Санс (79:66) за златен медал во оваа конкуренција

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Вардар е шампион на М14 лигата!

Екипата на Вардар е новиот шампион во М14 лигата-мажи, откако во големото финале на завршниот турнир во Куманово, славеа победа против Водно Санс со резултат (79:66)

Вардар – Водно санс                   79:66

(33-4; 12-22; 14-19; 20-21)

Вардар: Марковски 9, Трпчевиќ 24, Нешкоски, Поповски 4, Тримчески, Спировски 2, Петровски, Чадиновски 38, Секулоски, Симоновски 2, Дуганов, Димоски;

Водно санс: Стаменковски 40, Муратовски 3, Богоевски, Мојсовски 8, Кемера 6, Е. Ефтимов, Спасовски, Сарџовски 2, Веселинов 2, Сефери 3, Гацовски 2, В.Ефтимов;

На крајот, во финалето пресуди одлично одиграната прва четвртина на избраниците на тренерот Драган Иванов, во која направија неверојатни (33:4).   

Во останатите три периоди од играта младите кошаркари на Водно Санс се обидуваа да ја намалат таа убедлива негатива. Им беше многу тешко, без оглед на тоа што го имаа еден од најдобрите играчи на турнирот, Војдан Стаменковски, кој реализираше 40.поени.

Но тој негов подвиг не беше доволен за комплетен „камбек“ во мечот, иако Водно Санс во последната четвртина се доближи и на негатива од само 12.поени (57:68).

Ама и Вардар имаше свои адути и на овој натпревар, во прв ред Чадиновски, кој одговори на партијата на Стаменковски. Кога беше најпотребно го одби налетот на противниката екипа, со поош на капитенот Трпчевиќ (реализираше 24.поени) го одбрани воството од првата четвртина, кое се покажа како доволно за шампионската титула во оваа М14 лига.

Чадиновски е најкорисниот играч на турнирот

Водечкиот играч на екипата на Вардар, Војдан Чадиновски е најдобриот на дводневниот финален собир на најдобрите четири екипи во М14 лигата-мажи.

Чадиновски имаше две одлични индивидуални остварувања, кои беа од голема помош во освојувањето на шампионскиот трофеј на Вардар.

По одличниот настап во полуфиналето, Чадиновски продолжи во ист стил и во финалниот меч реализираше 38.поени!

М14 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ

МКК Куманово - Вардар 91:93

Водно санс – Љуботен   69:60

За трето место

МКК Куманово – Љуботен65:52

Финале

Вардар – Водно санс       79:66