01.06.2024

„Вардарки“ делуваа супериорно во полуфиналето против кавадаречки Пробаскет, славеа со (104:51)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Вардар експресно во финалето на М18 лигата

Екипата на Вардар е првиот финалист на завршниот турнир од М18 лигата во женска конкуренција, кој овој викенд се игра во Делчево.

Во првиот полуфинален меч од турнирот, девојките во „црвено-црна“ комбинација славеа убедлив триумф против кавадаречки Пробаскет.

Вардар – Пробаскет 104:51

(26-15; 19-22; 33-8; 26-6)

Вардар: Кукунешоска 4, Ристеска 2, Мариновска 2, М.Начевска 8, Николиќ 16, Џангаровска 22, Анастасијеска 3, Пислевска 20, Стојкоска, Тасовска 9, А.Начевска 16, Костова 2;

Пробаскет: Ѓорѓиева 11, Бошкова 1, Димитријова 8, Мегленова 17, Спасова 3, Сапунџиева, Богојевска 11, Велковска;

Само во една четвртина кавадарчанки се покажаа како рамноправен ривал во овој полуфинален дуел. Онаа втората, која дури и ја решија во своја корост со (22:19) Во тој момент само за да симнат дел од негативата во која влегоа уште во првиот период од играта. Оној во кој Вардар имаше двоцифрен „вишок“ (26:15).

Но по одморот, работите станаа многу појасни околу тоа кој ќе игра во последниот меч од сезоната во оваа М18 лига.

Вардар притисна многу повеќе, особено во нападот, одигра ефикасна трета четвртина во којатимот на тренерот Јасмина Герасимовска-Николиќ реализираше дури 33 поени. Прими само осум, за недостижи (78:45).

Џангаровска постигна 22.поени, Пислевска имаше два помалку, додека  Николиќ и А. Начевска завршија со по 16. реализации во победничката екипа.
Во онаа од Кавадарци, Мегленова даде 17, додека по 11.поени додадоа уште Ѓорѓиева и Богојевска.

Од 19.часот, во вториот полуфинален меч на турнирот се среќаваат екипите на Патриот 2016 и на Бадел 1862.

Победникот на финалниот турнир во Делчево ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 2. јуни (недела) од 19. часот. А нешто порано, од 16.часот, на распоредот е натпреварот за третото место.

М18 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР - ДЕЛЧЕВО

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

1.ЈУНИ (САБОТА)

ПОЛУФИНАЛЕ

Вардар – Пробаскет 104:51

19.00: Патриот 2016 – Бадел 1862 (2)

2.ЈУНИ (НЕДЕЛА)

16.00: За трето место Пробаскет – (поразен 2)

19.00: Финале Вардар – (победник 2)

*Сите натпревари се играат во салата „Методија Митевски-Брицо“ во Делчево