06.03.2020

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Вардар го доби дербито со Водњански Лисици во М-14 лигата

Пионерите на Вардар славеа со убедливи (64:49), и стигнаа на делба на првата позиција во западната група од ова натпреварување.

 

Во М-14 лигата на распоредот беше 13. коло, кое со себе го донесе веројатно и најинтересниот дуел во оваа фаза од натпреварите. Дуелот помеѓу двете водечки екипи во западната група, Водњански Лисици и Вардар.

Го добија младите „вардарци“ и тоа убедливо, со резултат (64:49), и избија на првото место на Западот, каде добро котира и екипата на МЗТ Скопје Аеродром која беше пресилна за Спортисимо (82:51). Сосема доволно да се зацврсти на позицијата број 3.

На Истокот ситуацијата е доста „подраматична“, односно поизедначена. Неколку екипи гравитираат кон врвот каде засега, по 13 одиграни кола, ист број на бодови, по 21, имааат екипите на Партизан Водно Санс и на Дино Баскет, кои интересно, не го одиграа својот дуел од 12. коло.

Истиот е презакажан да се одигра во текот на наредната седмица.

Во ова коло пак, Партизан ВС без проблеми го победи струмички Ролинг 08 со (79:49), додека пак екипата од Кочани беше пресилна за Куманово (63:42).

Во последниот меч од овој круг на натпреварите, Академија ФМП ја заокружи доминацијата на гостинските екипи со триумф над Вардар-1 (88:67). Триумф по кој го потврдија третото место на табелата во источната конференција.

М-14-МАЖИ – ГРУПА ЗАПАД

РЕЗУЛТАТИ 12. КОЛО

Вардар-2 – Спортисимо 110:52

Црн Дрим – МЗТ Скопје Аеродром   46:84

Јуниор Баскет – Пелистер         52:38

Водњански Лисици – Пробаскет Академија          20:0сл.

РЕЗУЛТАТИ 13.КОЛО

Водњански Лисици – Вардар-2          49:64

МЗТ Скопје А – Спортисимо     82:51

Пробаскет Академија – Јуниор Баскет         23:33

Пелистер - Црн Дрим      57:66

ТАБЕЛА: Вардар-2 24, Водњански Лисици 24, МЗТ Скопје А 22, Спортисимо 20, Црн Дрим 17, Јуниор Баскет 15, Пелистер 14, Пробаскет Академија 12;

ИДНО КОЛО (07.03)

Вардар-2 – МЗТ Скопје Аеродром

Јуниор Баскет – Водњански Лисици

Спортисимо – Пелистер

Црн Дрим - Пробаскет Академија

M-14-МАЖИ – ГРУПА ИСТОК

РЕЗУЛТАТИ 12. КОЛО

Академија ФМП – Ролинг 08   78:35

Вардар-1 – Баскет КАМ  86:32

Гостивар – Куманово      68:32

Дино Баскет – Партизан Водно Санс одл.

РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО

Вардар-1 – Академија ФМП     67:88

Партизан Водно Санс – Ролинг 08     79:49

Куманово – Дино Баскет           42:63

Баскет КАМ – Гостивар   одл.

ТАБЕЛА: Партизан Водно Санс 21 (-1), Дино Баскет 21 (-1), Академија ФМП 20 (-1), Вардар-1 19, Гостивар 17 (-1), Куманово 15, Баскет КАМ 11 (-2), Ролинг 08 10 (-1);

ИДНО КОЛО (07.03)

Академија ФМП – Партизан Водно Санс

Гостивар – Вардар-1

Ролинг 08 – Куманово

Дино Баскет – Баскет КАМ