05.05.2023

Пионерскиот состав  на „црвено-црните“ славеше убедлив триумф на гостински терен кај МЗТ Скопје

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Вардар го направи првиот „брејк“ во плеј-офот од М14 лигата

Завршен е првиот дел од сезоната во М14 сегментот во машката и во женската младинска лиги. И согласно со системот за натпреварување во оваа возрасна категорија, познати се и осумте екипи кои го продолжуваат натпреварувањето во следната- фаза, доигрувањето за шампионсиата титула.

Првопласираните две екипи од трите групи, како и двете најдобри кои завршија на третото место, се изборија за место во четвртфиналето.

КЛУБОВИ ЧЕТВРТФИНАЛИСТИ: Пелистер, Баскет Кам, Водно Санс, МЗТ Скопје Аеродром, Феникс 2010, Академија ФМП, Вардар, МКК Куманово;

Согласно со пласманот во групниот дел од М14 натпреварувањето-мажи, формирани се и четвртфиналните двојки.

Четвртфиналето кое се игра според системот „подобар во три натпревари“. Серијата во која предност на домашен терен имаат подобропласираните екипи во регуларниот дел, стартуваше со три победи на домашните и една на гостите.

РАБОТНИЧКИ - ЦРН ДРИМ 125:44

ИБА БАСКЕТ – КОЖУВ 86:58

ДИНО БАСКЕТ ДЕЛИКАТЕС – КУМАНОВО 90:60

МЗТ СКОПЈЕ АД – ВАРДАР 56:100

Вторите мечеви се закажани за 6.мај, а евентуалната трета средба, односно т.н. „мајсторка“, ќе се игра на 13.мај.

Победниците на овие четири серии ќе обезбедат пласман на завршниот турнир во М14 лигата-мажи кој е закажан за 20 и 21.мај.

РЕЗУЛТАТИ-ТАБЕЛИ-РАСПОРЕД ВО М14 ЛИГАТА-МАЖИ

*Првопласираните четири екипи од двете натпреварувачки групи во женска конкуренција, се изборија за место во четвртфиналето.

КЛУБОВИ ЧЕТВРТФИНАЛИСТИ: МЗТ Скопје, Тим Арена, Вардар, Спорт тим, Јасмин, Бадел 1862, Крива Паланка, Струга 2009;

Согласно со пласманот во групниот дел од М14 натпреварувањето-жени, формирани се и четвртфиналните двојки:

МЗТ СКОПЈЕ – ТИМ АРЕНА

ВАРДАР – СПОРТ ТИМ

ЈАСМИН – БАДЕЛ 1862

КРИВА ПАЛАНКА – СТРУГА 2009

Четвртфиналето ќе се игра според системот „подобар во три натпревари“. Серијата во која предност на домашен терен имаат подобропласираните екипи во регуларниот дел, ќе стартуваше на 6.мај.

Вторите мечеви се закажани за 13.мај, а евентуалната трета средба, односно т.н. „мајсторка“, ќе се игра на 20.мај.

Победниците на овие четири серии ќе обезбедат пласман на завршниот турнир во М14 лигата-жени кој е предвиден да се одржи на 3 и 4.јуни.

РЕЗУЛТАТИ-ТАБЕЛИ-РАСПОРЕД ВО М14 ЛИГАТА-ЖЕНИ