11.01.2022 Пет победи во пет натпревари се зад двете водечки екипи во М14 лигата во женскиот младински сегмент Женската пионерска селекција на Вардар е најдобрата во првата фаза од М14 лигата. „Вардарки“ имаат пет максимални победи во исто толку одиграни натпревари пред паузата и во оваа возрасна конкуренција. Зад нивниот, е ефектот на екипата на Баскет Кам 2011, изразен преку четири победи и еден пораз. РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД М14 ЛИГА-ЖЕНИ-ГРУПА „1“ Потполно иста е ситуацијата во групата „2“, каде лидерска е екипата на Бадел 1862. Девојчињата во „сино-жолта“ комбинација на дресот исто така се на ефект од пет победи во пет натпревари. Зад нив е екипата на Струга 2009 која има четири победи и еден пораз во досегашните одиграни мечеви. РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД М14 ЛИГА-ЖЕНИ-ГРУПА „2“