Екипите на Јасмин 95 од Кавадарци и скопски Вардар ќе играат во финалето на М14 лигата во женска конкуренција откако денеска, во полуфиналето беа подобри од своите ривали, екипите на Спорт тим односно Струга 2009.
ВАРДАР - СТРУГА 2009 78:32
(27-12; 15-9; 17-7; 19-4)
Вардар: Ивановска 7, Ефтовска 4, Гичевска, Трајчева 2, Михајлова 10, Гиновска 4, Антова 4, Столеска 3, Трајковска 29, Димитровска 3, Илчевска 10, Николиќ 2;
Струга 2009: Фејзулаи, Таранеши 4, Ѓуроска 2, Милчин 1, Мијевска 1, Дукоска, Ложанкоска 2, Ристиќ, Зиба 13, Миладиноска, Даути 9, Ниноска;
Младите „вардарки“ беа далеку подобар противник од стружанки. Тоа го потврдија во сите четири четвртини. Почнаа од првата, во која веќе се стекнаа со голема позитива (27:12), која до полувремеото ја зголемија на практишно и недостижни, двојно поголеми (42:21).
Предводени од Трајковска, која реализираше 29.поени, во период од три четвртини, на која добро и асистираа Михајлова и Илчевска кои дополнија со по десет реализации, стигнаа до убедлив триумф и шанса да го освојат шампионскиот пехар во оваа ворасна категорија.
Во екипата од Струга, Зиба постигна 13.поени, Даути уште девет.
СПОРТ ТИМ - ЈАСМИН 95 55:68
(18-13; 17-17; 12-19; 8-19)
Спорт тим: Веланов, Леова 23, Кацева 8, Јовановиќ 4, Смилкова Делева 2, Димова 6, Глапчева, Митановска 10, Крстевска, Трајкова, Тодорова 2;
Јасмин 95: Атанасова, Мегленова 12, Стојановиќ, Најдова, Димова, Грижева 11, Ѓорева 18, Алексова 21, Лалкова 2, Динова 4, Николова;
Во првиот полуфинален меч во СРЦ „Кале“ две различни полувремиња, а на крајот, екипата од Кавадарци ја однесе победата и стигна до мечот за шампионскиот трофеј.
Младите кошаркарки од Неготино беа подобри во првите 20.минути од играта. На полувремето имаа и предност од (35:30).
Но во второто полувреме кавадарчанки направија комплетен пресврт. Во третиот период од играта ја анулираа негативата од полувремето, дури и преминаа во водство (49:47). Откако го преземаа водството, повеќе не го испуштија, и сосема заслужено се пласираа во финалето.
Алексова реализираше 21.поен, Ѓорева имаше 18, Мегленова 12, а Грижева уште 11.поени во победничката екипа.
Во екипата на Спорт тим, капитенот Леова реализираше 23. Поени, додека Митановска даде 10.
Победникот на финалниот турнир во Скопје ќе биде познат по одигрувањето на финалето Јасмин 95-Вардар кое на програмата е на 2. јуни (недела) од 14.30. часот. А нешто порано, од 12.часот, на распоредот е натпреварот за третото место во кој ќе се сретнат екипите на Спорт тим и Струга 2009.
М14 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР - СКОПЈЕ
РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ПОЛУФИНАЛЕ
Спорт тим - Јасмин 95 55:68
Вардар - Струга 2009 78:32
2.ЈУНИ (НЕДЕЛА)
12.00: За трето место Спорт тим – Струга 2009
14.30: Финале Јасмин 95 – Вардар
*Сите натпревари се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје