21.06.2021

Денеска се игра завршницата во пионерската лига

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Вардар и Партизан Водно Санс за титулата и во М14 лигата

По одигрувањето на двата полуфинални натпревари ги добивме и двете екипи-финалисти во М14 лигата во машка конкуренција.

За пехарот во пионерската лига, денеска ќе се борат екипите на Партизан Водно Санс и на Вардар.

Тие беа подобри од своите противници во двете полуфинални средби.

До финалето „вардарци“ стигнаа по голема битка, и продолжение од пет минути во мечот со екипата на Феникс 2010 (83:78).

А без такви возбудувања протекна дуелот помеѓу екипите на Партизан Водно Санс и МЗТ Скопје Аеродром кои „црно-белите“ го решија во своја корист со убедливи (90:58).

Натпреварот за третото место, во кој ќе играат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Феникс 2010, стартува од 17.часот во салата на СРЦ „Кале“

Нешто подоцна, од 19.30 часот, на програмата е финалниот меч, за титулата ќе играат Вардар и Партизан Водно Санс.  

ФИНАЛЕН ТУРНИР - М14 ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ  РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Партизан Водно Санс – МЗТ Скопје Аеродром     90:56

Вардар – Феникс 2010   83:78

ФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ – 21.ЈУНИ (ДЕНЕСКА)

ЗА ТРЕТО МЕСТО

17.00: МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010

ФИНАЛЕ

19.30: Партизан Водно Санс – Вардар

*Натпреварите се играат во салата на СРЦ „Кале“