Екипите на Вардар и на Водно Санс ќе играат во финалето на завршниот турнир од М16 лигата во машка конкуренција откако денеска, во полуфиналните дуели во СРЦ „Кале“ во Скопје, беа подобри од своите противници, МКК Куманово односно Работнички.
ВАРДАР – МКК КУМАНОВО 97:42
Првиот полуфинален дуел во оваа возрасна категорија беше одлучен уште по десет минути играње. Оние во првата четвртина во кои екипата на Вардар направи неверојатна предност.
Имаше плус од (32:9), која до полувремето ја зголемија на недостижни (54:19).
Па второто полувреме од овој полуфинален меч се претвори во една обична формалност во коај се чекаше само конечниот резултат, кој отиде далеку на страната на кадетите на Вардар.
Петмина играчи во победничката екипа завршија со десет или повеќе реализации. Најмногу 17, даде Терзиевски, еден помалку имаше Гиновски, 13 поени дојдоа од Стојановски, Ѓорѓевиќ заврши со 12, а Мијалов додаде уште 11.
Во кумановскиот состав, далеку најдобар поединец беше Петковски кој реализираше 18.поени.
РАБОТНИЧКИ – ВОДНО САНС 67:93
Слично се одвиваа работите и на вториот меч од полуфиналето во М16 лигата во кој се сретнаа екипите на Водно Санс и на Работнички.
Младите кошаркари на Водно Санс доминираа од првата минута од натпреварот. Во десет минути, оние првите, испорачаа дури 30.поени, односно осум повеќе од противникот. Слично беше и во втората четвртина по која Водно Санс ја удвои предноста и на полувремето побегна на (51:35).
Но тука не застанаа, затоа што прашањето за победникот го тргнаа од „дневниот ред“ во третата четвртина во која беа и најубедливи, ја добија со (33:21), и повеќе од доволно за место во големото финале.
Комплетната стартна петорка која ја изведе тренерот Едо Имер, заврши со двоцифрен број на поени. Поточно, Сребров заврши со 17. реализации, еден поен помалку имаше М.Костов, Миленовиќ даде 15, Димоски 13, а Н.Костов уште 12.поени.
Во поразената екипа, Беговски постигна 24 поени (имаше и 17.скока) и беше прв стрелец на натпреварот, го следеше Сотир, стрелец на 16.поени
Победникот на финалниот турнир во Скопје ќе биде познат по одигрувањето на финалето Вардар-Водно Санс кое на програмата е на 26.мај (недела) од 14.30. часот.
Нешто порано, од 12.часот, на распоредот е натпреварот за третото место во кој ќе играат двете поразени екипи од полуфиналето: МКК Куманово и Работнички.
М16 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ПОЛУФИНАЛЕ
Вардар – МКК Куманово 97:42
Работнички - Водно Санс 67:93
12.МАЈ (НЕДЕЛА)
12.00: За трето место МКК Куманово - Работнички
14.30: Финале Вардар – Водно Санс
*Сите натпревари се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје